АЛУМНИ мрежа на Економскиот факултет-Скопје,

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје

(АЛУМНИ ЕЦЦФ, УКИМ, Македонија)



Почитувани,
Добродојдовте на страната на АЛУМНИ ЕЦЦФ, УКИМ Македонија - мрежа во која можат да се регистрираат и зачленат сите оние кои дипломирале, магистрирале или/и докторирале на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Мисија
АЛУМНИ ЕЦЦФ да прерасне во Алумни асоцијација која ќе ги поврзе сите генерации студенти на Економскиот факултет-Скопје со цел остварување на заедничка континуирана соработка која ќе почива на цврсти темели и ќе придонесе за развој како на членовите на АЛУМНИ ЕЦЦФ, така и на самиот Факултет и бизнис заедницата во целост.

Визија
АЛУМНИ ЕЦЦФ да развие силно чувство на припадност кон матичниот Факултет кај сегашните студенти (со нивен ангажман во реализацијата на секојдневните активности на Факултетот преку формите на волонтерство и туторство, обезбедувајќи им поддршка во кариерниот развој, поддршка при нивно вклучување во бизнис заедницата и нивен придонес кон развој на истата), а воедно да развие и силно чувство на идентификација со Факултетот кај своите поранешни студенти.

Цел
  • Да се поврзат сите поранешни студенти во АЛУМНИ ЕЦЦФ мрежата;
  • Да се креира база која ќе ги содржи податоците на сите регистрирани во АЛУМНИ ЕЦЦФ, истите да ги направи достапни за сите алумни со цел да се овозможи нивно вмрежување за реализација на бизнис цели во иднина;
  • Да се гради и јакне врската меѓу студентите, алумните, кадарот на Факултетот и бизнис заедницата;
  • Да се чува и негува традицијата на Економскиот факултет-Скопје, да се јакне неговиот углед и да се промовираат неговите интереси и заложби;
  • Да се развие и продлабочи соработката на Економскиот факултет – Скопје со компаниите и институциите во кои работат негови поранешни студенти;
  • АЛУМНИ ЕЦЦФ да работи во насока на меѓународна акредитација на Факултетот;

Членство
Регистрирањето во системот на АЛУМНИ ЕЦЦФ е доброволно, бесплатно и може да се направи on-line.
АЛУМНИ ЕЦЦФ е во надлежност за Центарот за кариера на Економскиот факултет-Скопје.

Контакт
М-р Маријана Секуловска
Раководител на Центарот за кариера
Тел. 02/3286-835
е-mail: ck@eccf.ukim.edu.mk

Уверени сме дека АЛУМНИ ЕЦЦФ ќе предизвика интерес и ќе наиде на голем одзив кај нашите поранешни студенти, единствените кои ќе ја имаат привилегијата и честа да бидат регистрирани во системот на АЛУМНИ ЕЦЦФ.
Ве покануваме да се регистрирате, да ја споделите информацијата за АЛУМНИ ЕЦЦФ со Вашите контакти и да ни помогнете со заеднички сили да делуваме во насока на промовирање на веќе докажаното реноме на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.


Традиција Знаење Иднина