Права и обврски на студентот


 

Правата на студентите ги штити студентскиот правобранител, чија организација, надлежност и начин и услови за работа се определени со актите на Универзитетот. Студентите се должни да ги почитуваат правата и обврските утврдени со општите и поединечните акти на Факултетот, утврдени со Правилникот на УКИМ, како и да исполнуваат други обврски како студенти. Студентите имаат право и должност да ги посетуваат предавањата, семинарите и вежбите, како и да учествуваат во другите форми на изведувањето на наставата и да ги полагаат испитите.


Промена на департман / студиска програма

Студентите запишани на еден департман, на прв циклус на студии / студиска програма на втор циклус,  може да побараат да се префрлат на друг департман / студиска програма.  Промената се врши на почетокот на учебната/студиската година со поднесување на Молба  до архивата на Економски факултет: Молбата ја разгледува Деканатот /Советот за втор циклус  и се прифаќа само доколку постојат услови за префрлување на соодветниот департман/студиум. Доколку молбата се одобри студентот има обврска најпрвин да ги положи испитите кои се јавуваат како разлика помеѓу двете студиски програми. (види Статут на УКИМ)

 

Промена на студентски статус (Редовен/Вонреден)

Студентите имаат право да го променет студентскиот статус од редовен во вонреден студент и обратно., при што го продолжуваат студирањето во квота со кофинансирање (приватна квота).(види Статут на УКИМ).

 

Промена на претходно избран изборен предмет

Студентите имаат право на промена на претходно избран изборен предмет на почетокот на секој семестар, при што може да се замени предмет само од соодветен семестар (предмет од зимски семестар со друг предмет исто така од зимски семестар и летен за летен). Промената се врши во рокот за заверката на семестарот со поднесување на Молба до архивата на Економски факултет. (види Статут на УКИМ)

 

Мирување на студиите

Студентите имаат право со поднесување на Молба (во Архива) да побараат мирување на студиите под услови регулирани со актите на Универзитетот. (види Статут на УКИМ)

 

Продолжување со прекинатите студии

Студентите имаат право со поднесување на Молба (во Архива) да побараат продолжување на прекинатите студии на начин и под услови регулирани со актите на Универзитетот. (види Статут на УКИМ)

 

Дисциплински мерки

Дисциплинските мерки со кои се определува дисциплинската одговорност на студентите се содржани во Одлуката за определување на дисциплинска одговорност на студентите на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет - Скопје.

 

Испишување

Студентот може да се испише од факултетот, со поднесување на Молба во архивата на Економскиот факултет-Скопје.Повеќе информации во делот за FAQs.