Органи на факултетот


  • Наставно-научниот совет на Факултетот е стручен орган што го сочинуваат редовните професори, вонредните професори, доцентите и студентите.
  • Деканатската управа е орган на управување на Факултетот и брои 13 члена. Членови на Деканатската управа се: деканот, продеканите, раководителите на катедрите и претседателот на Студентскиот парламент на Факултетот.
  • Деканот е раководен орган и раководи со Факултетот во согласност со правата, обврските и овластувањата што му се пренесени од страна на ректорот, врз основа на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.