Студентски прашања


Одделението за студентски прашања, со студенти работи секој работен ден од 1200 до 1400 часот.

Контакт телефонските броеви и e-mail адресите во Одделението за студентски прашања, се дадени во продолжение.

 

Ганзовска Валентина  Раководител 02 3286 831  valentina@eccf.ukim.edu.mk
Цветковска Виолета

референт за департман
Маркетинг и Менаџмент

02 3286 922 viki@eccf.ukim.edu.mk
Воиновска Анета референт за департмани 
Сметководство и ревизија и Економија
02 3286 924  anetav@eccf.ukim.edu.mk
Поповска Иванка референт за департмани 
Надворешна трговија и Е-бизнис 
02 3286 923  ivanka@eccf.ukim.edu.
Тренчева Соња референт за департмани
Финансиски менаџмент и Дисперзирани - Велес  
02 3286 925  sonjat@eccf.ukim.edu.mk

Симјаноска Дивна

референт за 
Втор циклус на студии

02 3286 829

 divna@eccf.ukim.edu.mk

 

 

Упис / Заверка на семестар 

Уписот/ заверката на семестарот се врши согласно термините утврдени во календарот на активностите кој се објавува за секоја учебна година.
(види Статут на УКИМ и Правилник на УКИМ)

 

  ПРВ ЦИКЛУС

При запишувањето на зимскиот семестар во определените рокови (види календар на активности), студентот треба да уплати одреден износ на име партиципација, којшто се добива така што бројот на запишаните кредити ќе се помножи со соодветната цена по еден кредит.

Запишувањето на зимскиот семестар се врши со поднесување на семестрален лист, при што студентот треба да ги изврши следниве уплати:

  • уплатница со назнака "за партиципација" на сметката на Економски факултет каде се внесува:
Трансакциска сметка 100000000063095
Сметка на буџетскиот корисник 1600103697 – 788 – 10
Приходна шифра и програма 723012 – 41

 

 

 

  • уплатница со назнака "за книжен фонд, наставна програма, тетратки, шифрарници, штети и Интернет", како и за сите останати надоместоци во текот на судирањето (прва рата), на сметката на Економски факултет каде се внесува:
Трансакциска сметка 100000000063095
Сметка на буџетскиот корисник 1600103697 – 788 – 10
Приходна шифра и програма 723013 – 41

 

 

 

  • уплатница со назнака "за ИКСА на студентите на УКИМ" од 750 денари на сметката на Ректоратот
Трансакциска сметка 100000000063095
Сметка на буџетскиот корисник 1600103697 – 788 – 18
Приходна шифра и програма 723012 – 41

 

 

 

  • уплатница "за Студентски парламент" од 200 денари на сметката на Студентскиот парламент (факултативно)

Трансакциска сметка: 300000001372004

При запишување на годината, вонредните студентите, покрај горенаведените документи, треба да поднесат и: лекарско уверение за неможност на посетување на настава или М1/М2 образец за остварен работен однос.

 

Заверка на зимскиот и упис на летниот семестар се врши со поднесување на:

  • Образец за заверување на семестар, со уплатница за административна такса
  • Образец за запишување на семестар, со уплатница за администаративна такса
  • Уплата на партиципација, втора рата, изразена преку кредитите во летниот семестар
  • Уплата со назнака "за книжен фонд, наставна програма, тетратки, шифрарници, штети и Интернет", како и за сите останати надоместоци во текот на судирањето (втора рата)

 

   ВТОР ЦИКЛУС

Назив на примачот Економски факултет-Скопје
Банка на примачот НБРМ
Сметка 100000000063095
Сметка на буџетски корисник 1600103697 788 10
Приходна шифра  и програма 723019               41

 

Во Повикување на број-задолжување, од левата страна на уплатата се пополнува:

723019 / 1 - Сметководство и ревизија
723019 / 2 - Европски студии
723019 / 4 - Маркетинг
723019 / 6 - Монетарна економија, финансии и банкарство
723019 / 8 - МБА-Менаџмент
723019 / 9 - Економски развој и меѓународни финансии
723019 / 10 - Менаџмент во осигурувањето
723019 / 11 - Управување во јавен сектор
723019 / 12 - СМЕБЕ
723019 / 13 - Е-бизнис менаџмент

 

Во цел на дознака се пишува Името на студиумот и целта на уплатата.

 

 

Пријавување на испити/колоквиуми

Редовните и вонредните студенти испитите/ колоквиумите  ги пријавуваат електронски, а на денот на полагањето задолжително носат пријава за испит и уплата за административна такса (види календар на активности) или на шалтер на департман/ канцеларија за втор циклус на студии.

 

Подигање на документи  

Сите видови на документи (реверс, уверенија, потврди) се подигаат на шалтер на департман / канцеларија за втор циклус на студии, секој работен ден од 1200-1400 часот.

 

Дипломски труд

По исполнување на условите за дипломирање (мин.31 положен испит и мин. 240 кредити)во Службата за студентски прашања, студентите го поднесуваат дипломскиот труд (во 4 примероци) и потребниот комплет од формулари за дипломирање, најдоцна до 15 октомври во следната учебна година.(види Правилник на УКИМ)

 

Магистерски труд

По исполнување на условите за магистрирање ( сите положени испити предвидени со студиската програма  и мин. 60 / 120 кредити) во Службата за студентски прашања – кланцеларија за втор циклус, студентите го поднесуваат магистерскиот труд (во 6 примероци) и потребниот комплет од формулари за магистрирање, најдоцна во рок од една година од датумот на прифатените магистерски тези).
(види Упатство за пријавување и одбрана на магистерски труд и За поднесување на магистерски труд )

 

Докторски труд

види Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје