ЕКТС


Европски кредит трансфер систем  (ЕКТС)

Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) овозможува студирање според европскиот систем на трансфер на кредити (ECTS – European Credit Transfer System) кој обезбедува: мобилност на студентите меѓу студиските програми во рамките на Факултетот и Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, како и мобилност на национално и меѓународно ниво, преку квантитативно мерење и изразување на оптовареноста на студентите во текот на студирањето.

ЕКТС исто така овозможува и непречено напредување на студентите во текот на студирањето, во зависност од постигнатите резултати и барањата утврдени со студиските програми. Со тоа се овозможува мобилност на студентите во рамките на програмите Erasmus/Socrates.

Преку доделување нумерички вредности на секој предмет, ЕКТС - кредитите го претставуваат обемот на работа што студентот мора да го реализира за да го положи испитот.

Вредноста на ЕКТС - кредитот е утврдена согласно квотата на која студентот и припаѓа при запишувањето на Факултетот. Според тоа, вкупните трошоци за студирање во текот на годините на студии, изразени во бројот и вредноста на кредитите мора да бидат еднакви на вкупниот износ на партиципацијата на студентот.