Истражувања и публикации


Општи информации

Научно-истражувачката работа се остварува најчесто со подготовка на проекти од фундаментален, развоен и применувачки карактер. Предмет на истражување се прашања и проблеми од областа на макроекономската политика, стратегијата на општествено-економскиот развој, економските односи на земјата со странство, менаџментот, маркетингот, економиката на претпријатијата, сметководството и деловните финансии, трансформацијата на претпријатијата со општествен капитал, пазарот и цените, финансиите и банкарството и сл.

Резултатите од наставно-образовната  и научно-истражувачката  работа се објавуваат во разни публикации: книги, статии, учебници, зборници, монографии и др. Со најдолга трдиција е Годишникот на Факултетот кој постои од основањето на Факултетот (1950). Поголемиот дел од издавачката дејност Факултетот ја остварува самостојно, а еден дел заедно со други издавачи во земјата.

 

Издавачка дејност

Економскиот факултет - Скопје може да се пофали со исклучително богата издавачка дејност. Тој е најголем издавач во Македонија по бројот на објавени книги од областа на економијата и бизнисот и втор издавач воопшто, со околу 20-25 публикувани книги годишно.

Резултатите на наставно-образовната и научноистражувачката работа се објавуваат во вид на книги, монографии, статии и сл. Поголемиот број од публикациите се објавуваат во издание на Факултетот, а некои и во копродукција со други институции. Со најдолга традиција е Годишникот на Факултетот во кој се објавуваат статии за различни економски прашања и кој постои од основањето на Факултетот (1950 година).