Порака од Деканот


         Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје Економски факултет – Скопје е најпрестижната високообразовна институција во високото образование, лидер во образованието на кадри од областа на економијата и бизнистот во Р.Македонија. Економскиот факултет – Скопје е основан со Уредба на Владата на Народна Република Македонија од 14.11.1950 година, како петти Факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ Скопје.
         Со понудата на најсовремени образовни програми од областа на економијата и бизнисот, пренесени од компетентен и стручен кадар, во богато опремени библиотеки, компјутерски лаборатории и истражувачки центри, посакуваме нашите студенти да бидат дел од препознатливото, но, пред сe, единствено интелектуално и социјално окружување за кое Економскиот факултет од Скопје дава свој активен придонес. Во оваа смисла, Економскиот факултет од Скопје и понатаму ќе ги развива врските со сите релевантни чинители на општеството, а посебно со бизнис - заедницата, за да може и во иднина да нуди квалитетни студиски програми од областа на економските и организациските науки и да создава високообразовани кадри подговтени за успешно справување со предизвиците што ги наметнува сe посложената констелација на односи во динамичното окружување.