Дипломски труд и диплома


Студиите на Факултетот студентот ги завршува со изработка и јавна одбрана на дипломски труд од областа на студиите. Насловот на темата ја одобрува предметниот наставник од чија област се изработува дипломската работа, најчесто при запишувањето на VIII семестар (т.е. кога освоил најмалку 200 кредити).

Студент кој успешно положил најмалку 31 испит и притоа освоил најмалку 240 кредити, со положувањето на дипломскиот испит се стекнува со звањетодипломиран економист на соодветен департман. Дипломата ја потпишува Деканот на Факултетот и Ректорот на Универзитетот. На студентот, покрај дипломата му се издава и Уверение за положени испити.