Упатство за авторите


За списанието

Journal of Contemporary Economic and Business Issues е рецензирано списание со отворен пристап од областа на економијата и бизнисот во кое тематски се обработуваат проблемите на економската наука, економската политика, финансиите, квантитативната економија, бизнисот и други релевантни области. Од посебен научен придонес се трудовите кои ги истражуваат економските и деловните прашања на растечките економии.

 

Процесот на рецензирање

Сите научни трудови доставени за публикување во списанието Journal of Contemporary Economic and Business Issues подлежат на слепа рецензија од најмалку двајца еминентни научници назначени од Уредувачкиот Одбор: еден од Македонија и еден од странство.

Имињата на рецензентите остануваат во анонимност за авторите, а имињата на авторите се во анонимност за рецензентите. Авторите навремено добиваат писмено известување за прифаќањето, како и забелешки, коментари и оценки на нивните трудови. Се објавуваат исклучиво трудовите кои имаат две позитивни рецензии.

 

Од рецензентите се бара да ги категоризираат рецензираните трудови во една од следните категории:

  1. Оригинални научни трудови
  2. Прелиминарни комуникации
  3. Трудови од конференции
  4. Рецензирани статии
  5. Професионални трудови

 

По добивањето на рецензираните трудови, Уредувачкиот Одбор коментарите и предлозите направени од страна на рецензентите ги испраќа на авторите заради натамошна доработка на трудовите. По имплементацијата на забелешките, авторите ги испраќаат трудовите до Уредувачкиот Одбор кој донесува конечна одлука околу прифаќањето или одбивањето на трудовите. Рецензиите на книги, докторски дисертации, како и осврти на меѓународни конференции не се предмет на двојно рецензирање. Тие се прифаќаат или отфрлаат од страна на одговорните лица од Уредувачкиот Одбор. Главниот уредник го одредува редоследот на публикување на прифатените трудови во списанието.   

 

Авторски права

Трудовите доставени за публикување во списанието треба да претставуваат автентични и оригинални придонеси, не смее претходно да биде објавен текстот во целост, ниту пак смее да биде предмет на истовремено разгледување за некое друго публикување. Авторите кои доставиле трудови за публикување гарантираат дека трудот на претставува кршење на нечии авторски права и дека ќе го обесштетат издавачот во случај на прекршување на ваквата гаранција. Секој автор чиј труд е прифатен за публикување потребно е да испрати до Уредувачкиот Одбор пополнет и потпишан посебен формулар за заштита на авторските права, Copyright Assignment Form. Со потпишувањето на ваквиот формулар, авторот се согласува дека немада го повлече трудот додека тој не биде прифатен или одбиен.

Трудовите доставени до спиаснието не се враќаат до нивните автори. Доколку трудот е одбиен, редвачкиот Одбор испраќа известување до авторот.

Со цел да се осигура натамошното ширење и соодветна политика на користење, трудовите стануваат законско авторско право на издавачот, освен доколку не е поинаку договорено.

 

Правила за пишување на трудот

Текстот треба да биде напишан во Microsoft Word со големина на хартијата A4 и маргини: 3,0 cm на врвот и на дното, и 2,5 см од левата и десната страна. Текстот не треба да биде подолг од 15 страни. Трудовите доставени за објавување вклучуваат цел и предмет на истражувањето, со конкретна методологија, презентирајќи преглед на постојната литература за анализираната проблематика, толкување на добиените резултати и наоди, заклучоци и листа на референци. Трудот треба да биде презентиран по следниов редослед:

 

Прва страница:

  • наслов (не повеќе од 10 зборови);
  • автобиографски белешки (име и презиме на авторот, академска припадност, телефон, факс и e-mail адреса и целосен меѓународен контакт);
  • јасно обележување на  адресите на ко-авторите и нивната соодветнта академска припадност.

 

Втората страница:

  • Наслов (не повеќе од 10 зборови);
  • Апстракт до 250 зборови со опис на целите на истражувањето и заклучоците;
  • До 5 клучни зборови кои се однесуваат на главниот предмет на трудот;
  • До 6 стандардни JEL кодови. Пристап до расположливите ЈЕЛ кодови: http://www.aeaweb.org/journal/jel _class_system.html

 

Следните страници:


Главниот текст треба да содржи заглавија, фусноти, листа на референци, прилози, табели и илустрации.

  • Фонт: Times New Roman, 10 pt, редовно
  • Растојание: Пред: 0, По: 0
  • Проред: единечен
  • Распоред: Justified
  • Indentation: вовлекувањето: Лево: 0, Право: 0, Специјален: 0
  • Стил: нормален
  • Една линија простор помеѓу паусите

 

Наслови:

  • Насловите треба да бидат кратки, јасно дефинирани и нумерирани
  • Треба да се применат најмногу три нивоа на наслови
  • Треба да има две празни линии пред и една празна линија по насловите
  • Фонт: Times New Roman, 12 pt, со задебелени и големи букви, во центарот
  • Насловите на точките треба да бидат со големи букви на главните зборови, Times New Roman, 11 pt, со задебелени букви, во центарот
  • Насловите на потточките треба да бидат во Italic, со големи букви на главните зборови, Times New Roman, 11 pt, со задебелени букви

 

Сите табели, графикони и дијаграми треба да бидат јасно наведени и нумерирани последователно со арапски броеви. Тие треба да бидат поставени во текстот на соодветниот. Тие не треба да бидат пошироки од маргините на хартијата. Табелите / графиконите / дијаграмите треба да биде насловени во горниот дел (со задебелени букви, фонт 11 pt, во центарот), а во долниот дел задолжително треба да биде наведен Изворот ( фонт 10 pt).

 

Референци

Литературата не треба да биде нумерирана. Треба да биде презентирана по азбучен ред на презимињата на авторите и хронолошки за трудовите на ист автор. Референците од други публикации треба да бидат наведени во Харвард стил и внимателно проверени за нивната целоснност, точност и конзистентност. Во рамките на текстот треба да се цитираат публикациите со употреба на името (имињата) на авторот (авторите).