Информација за студентите запишани по наставен план 2008/2009


Врз основа на одредбите од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ННС на Економскиот факултет во Скопје, донесе одлука со која се предвидува на студентите на прв циклус на студии, запишани по наставниот план од 2008/2009 година да им определи дополнителен рок од две години за завршување на започнатите студии.

Согласно донесената одлука крајниот рок за завршување на започнатата студиска програма по години е следен:

За студентите запишани во 2008/2009 година – до 15.09.2018 год

За студентите запишани во 2009/2010 година – до 15.09.2019 год

За студентите запишани во 2010/2011 година – до 15.09.2020 год

За студентите запишани во 2011/2012 година – до 15.09.2021 год

За студентите префрлени од старите програми по програма 2008/2009 година – до 15.09.2021 год

 

По истекот на посочените рокови, продолжувањето на студирањето ке се врши согласно важечките акти на Факултетот.


15.03.2017 прочитано: 5108