ВАЖНО: Информација за пријавувањето на колоквиумите и испитите


Пријавување на колоквиуми (втор) и испити

1. On-line пријавувањето на колоквиумите/испитите е задолжително во утврдените рокови, објавени на веб и на огласна табла.

2. Задоцнето пријавување на колоквиум/испит е можно најдоцна два дена пред утврдениот датум на колоквиумот/испитот.

3. Пријавување на колоквиум/испит нема да е возможно по официјалното објавување на списоците за полагање (на огласна табла). Списоците на огласна табла се објавуваат два дена пред утврдениот датум на колоквиумот/испитот.

4. Во последните два дена пред терминот за одржување на колоквиумот/испитот студентите кои нема да бидат на списоците за полагање на испит/колоквиум нема да можат да пријават колоквиум/испит, ниту да добијат печат од одделението за студентски прашања со право за полагање.

 

Скопје, 20.3.2017 год.


23.03.2017 прочитано: 5680