Прв циклус на студии: Пријавување на II колоквиум, летен семестар, 2017


ИЗВЕСТУВАЊЕ

за on-line пријавување на II колоквиум, летен семестар, 2016/2017

20.04 -10.05.2017 год.

Сите студенти кои ги исполниле условите за полагање на вториот колоквиум, запишани до учебната 2012/2013 год. задолжително треба да го/ги  пријават  колоквиумите on-line на адреса www.eccf.ukim.edu.mk/student   (мајска колоквиумска декада)

Студентите кои ги исполниле условите за полагање на вториот колоквиум, запишани во и после 2012/2013 год., во iKnow апликацијата, задолжително треба го/ги пријавуваат колоквиумите на  on-line на адреса www.iknow.ukim.edu.mk  (мајска колоквиумска декада)

Студентите кои не можат и/или не знаат да се пријават on-line истото можат да го направат на шалтерите на Службата за студентски прашања, најдоцна до 10.05.2017.

После овие датуми пријавувањето е со надомест за задоцнето пријавување, но најдоцна 2 дена пред терминот за колоквиумот. Во последните два дена пред терминот за одржување на колоквиумот/испитот, студентите кои нема да бидат на списоците за полагање на испит/колоквиум нема да можат да пријават колоквиум/испит, ниту да добијат печат од одделението за студентски прашања со право за полагање.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО

НА ДЕНОТ НА ОДРЖУВАЊЕТО НА КОЛОКВИУМОТ СТУДЕНТИТЕ НОСАТ УРЕДНО ПОПОЛНЕТА ПРИЈАВА СО ЗАЛЕПЕНА/ЗАХЕФТАНА УПЛАТНИЦА ОД 50,00 ДЕН ЗА АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА

СТУДЕНТИТЕ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ КОИ ПОЛАГААТ ПРЕДМЕТИ ОД ДРУГИ ФАКУЛТЕТИ НЕ ПРИЈАВУВААТ КОЛОКВИУМ

 

 


18.04.2017 прочитано: 7254