ПРВ ЦИКЛУС: Конкурс за упис на студенти за учебната 2017/18 година


КОНКУРСОТ за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2017/2018 е објавен на официјалната веб страна на Универзитетот и на веб страната на Економскиот факултет, во делот Студирање - Уписи.

 

 

НАСТАН

прв уписен рок

втор уписен рок

трет уписен рок

Пријавување на кандидатите

17 и 18.08.2017

04.09.2017

15.09.2017

Објавување резултати од успехот од средно образование
(прелиминарна ранг-листа) 

23.08.2017

06.09.2017

 

Објавување решение за прием на кандидатите
(конечна ранг-листа)

25.08.2017

11.09.2017

 

Запишување на кандидатите

29 и 30.08.2017

13 и 14.09.2017

18.09.2017

 

Документи за пријавување - 17 и 18 август, од 830-1530 часот

Пред пријавувањето во роковите утврдени со конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава во iKnow системот. Бројот којшто автоматски го добил од системот за електронско пријавување (iKnow) треба да се внесе во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

 

Забелешка:
Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.

 

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  1. пријава за запишување на УКИМ (образец А1)  и уплата од 50,00 ден административна такса
  2. електронска пријава (од Iknow)
  3. оригинални свидетелства од сите класови
  4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 
  5. извод од матичната книга на родените (оригинал)
  6. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение- оригинал)
  7. потврда за уплатa на 300 денари на жиро-сметката на факултетот (за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата)

Назив на примачот: Буџет на РМ - Економски факултет – Скопје

Банка на примачот: НБРМ

Сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

Приходна шифра: 723013

Програма 41

 

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти поднесуваат, покрај горенаведените документи и образец М1/М2 нотарски заверен, или лекарско уверение (издадено од З.У. Студентска поликлиника на Унив.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје)

 ВАЖНО:

Кандидатите кои ке конкурираат во квота на студенти чие родителско право го врши само еден родител (Правилник за начинот на проверка на основните критериуми и запишување нво квоти на студенти чие родителско право го врши само еден родител како и посебните критериуми за остварување на ова право – Службен весник на РМ бр. 56/2017 год.) освен горенаведените документи доставуваат:

За посебните критериуми:

  • уверение за државјанство на Република Македонија
  • извод од Матична книга на родените за кандидатот
  • за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд (заверено на нотар) и/или
  • за починат родител – извод од матичната книга на умрени

За материјалните можности:

  • потврди за остварената плата на сите вработени членови на семејството за месец јуни од тековната година или ако истата не е исплатена за овој месец да се достави потврда за последната исплатена плата
  • за корисници на социјална помош, се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи
  • за пензионираните членови на семејството, се доставува документ за висина на пензија
  • пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидатот и истата се смета како месечен приход
  • потврда/уверение од УЈП за остварени приходи за секој полнолетен член на семејството, вклучително и потенцијалниот студент
  • Изјава за вкупен број на членови на семејство (се добива на факултет)

При пријавувањето, (во iknow системот или во просториите на Економскиот факултет) се пополнуваат:

  • Изјава за согласност за користење на личните податоци
  • Изјава за согласност за кофинансирање
  • Изјава за согласност на неподигање на документите во рок од 3 месеци
  • Изјава за припадност на заедниците

06.07.2017 прочитано: 10042