Втор циклус студии: Упис на зимски семестар, 2017/2018


Од 05.09.2017 - 15.09.2017, од 1200-1400 часот во канцеларијата за втор циклус на студии

Уписот се однесува за генерација запишани студенти на втор циклус на студии во учебната 2013/14, 2014/15, 2015/2016 и 2016/2017 година.

1.Студентите запишани на едногодишни студии –генерација 2013 /2014, 2014/2015, 2015/2016 и 2016/2017 година,  кои не ги положиле предметите од  зимскиот (прв) семестар треба да ги презапишат тие предмети.

2.Студентите запишани на двегодишни студии генерација 2013/2014, 2014/2015, 2015/2016 и 2016/2017 година, кои не ги положиле предметите од зимскиот (прв) семестар,а треба да го запишат зимскиот(трет) семестар  прво ги  презапишуваат предметите од зимскиот-прв семестар кои не ги положиле и потоа ги запишуваат предметите од зимскиот-трет семестар.

  Задолжителен on-line упис на предмети од зимски семестар од 31.08.2017-14.09.2017 (до 24:00ч)

Најавување: www.iknow.ukim.mk

  • со e-mail адресата со која Ве препознава iKnow системот и
  • лозинка со која се пријавувавте и до сега во iKnow системот.

Уписот на зимскиот семестар ВО ИНДЕКС ќе се одвива од 05-15.09.2017, од 1200-1400 часот.

НАПОМЕНА:
Студентите запишани на студиумот МБА-Менаџмент презапишувањето на зимскиот семетар ќе биде од
30.01.2018-14.02.2018 година

Потребни документи за упис

- ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ЕДНОГОДИШНИ СТУДИИ:

1. Образец за упис на семестар и уплата од 50,00 ден за административна такса

2.Потврда за уплата на соодветен износ за презапишаните предмети зависно од бројот и вредноста на ектс

- ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ДВЕГОДИШНИ СТУДИИ:

1. Образец за упис на семестар и уплата од 50,00 ден за административна такса

2.а. Потврда за уплата на(за генерација 2013/2014, 2014/2015, 2015/2016 и 2016/2017 година)  уплата на соодветен износ (евра) согласно бројот на презапишани предмети  во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето

2.б.Потврда за уплата на(за генерација 2016/2017 година) 500 евра партиципацијa за зимски-трет семестар и  уплата од соодвете износ на евра  согласно бројот презапишани предмети  во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето

Надоместокот кој е потребен за презапишување на предмет,а кој треба да се уплати е еднаков на вредноста на ЕКТС кредитот помножен со бројот на ЕКТС кредити кои ги носи соодветниот предмет кој се презапишува.
Вредноста на еден ЕКТС кредит за едногодишни студии изнесува 22,72 евра, а за двегодишни студии 19,23 евра во денарска противвредност според курс на НБРМ на денот на уплатата.

Непочитување на процедурите и непридржување кон посочените датуми повлекува надомест за не навремен упис на семестар

Уписот е не комплетен без поднесување на потребните документи во Службата за втор циклус на студии.

Уплатата се врши на Образец ПП  50

Во делот за ПРИМАЧ се  запишува:

 Назив на примачот                               Економски факултет-Скопје

 Банка на примачот                               НБРМ

 Сметка                                                    100000000063095

 Сметка на буџетски корисник            1600103697 788 10

Приходна шифра  и програма             723019               41

 

Во Повикување на број-задолжување од левата страна на уплатата се потполнува

723019 / 1 за  Сметководство и ревизија

723019 / 2 за  Европски студии

723019 / 4 за   Маркетинг

723019 / 6 за  Монетарна економија,финансии и банкарство

723019 / 8 за  МБА-Менаџмент

723019 / 9 за  Економски развој и меѓународни финансии

723019 / 10 за  Менаџмент во осигурувањето

723019 / 11 за  Управување во јавен сектор

723019 / 12 за  СМЕБЕ

723019 / 13 за   Е-бизнис менаџмент

723019/ 14 за Стратегиски менаџмент на човечки ресурси

 

Во цел на дознака

Името на студиумот и целта на уплатата

 

 


31.08.2017 прочитано: 1834