Втор циклус студии: КОНКУРС за упис на нови студенти 2017/2018


КОНКУРСОТ за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Економски факултет при Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2017/2018 е објавен на официјалната веб страна на Универзитетот www.ukim.edu.mk

 

                        НАСТАН

        Прв рок

     Втор рок **

Пријавување на кандидатите

 

11 септември – 09 октомври 2017 год

 08-22 јануари 2018 год

Запишување на кандидатите

 

16 и 17 октомври 2017 год

29 и 30 јануари 2018 год

 

ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ: - од 11.09.2017 до 09.10.2017 год. од 11,00 до 14,00 часот во Службата за втор циклус на студии.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со конкурсот , секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk  и да ја пополни електонската пријава во iKnow системот. Бројот кој што автоматски го добил од системот за електонско пријавување (iKnow) треба да се внесе во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

При поднесување на документи за запишување на факултетите, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  1. Пријава за запишување на УКИМ (книжара на Економски факултет) и уплата од 50 ден. административна такса
  2. Електонска пријава (www.upisi.ukim.mk )
  3. Кратка биографија
  4. Оригинален документ за завршен прв циклус студии  (четиригодишни или тригодишни ): диплома или уверение
  5. Потврда за активно познавање на странски јазик
  6. Извод од матична книга на родени (оригинал, без разлика на датумот на издавање)
  7. Уверение за државјанство на Р.М (уверение или решение оригинал, без разлика на датумот на издавање)
  8. Препораки од наставници или научни работници (доколку има такви)
  9. Список на стручни или научни трудови и примерок од нив(доколку кандидатите имаат)
  10. Документи за евентуални награди, признанија и други документи

07.09.2017 прочитано: 1405