Екипа од студенти на Економскиот факултет Скопје при УКИМ на меѓународен натпревар од областта на финансиите Љубљана 2018


ЕКИПА ОД СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ НА МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ОД ОБЛАСТА НА ФИНАНСИИТЕ

           

На 8.3.2018 година екипа составена од студенти на Економскиот факултет учествуваше на натпреварот CFA Institute Research Challenge, кој се одржа во Љубљана, Република Словенија. На натпреварот, покрај нашата, учествуваа и екипи од универзитетите во Љубљана, Марибор (две екипи) и Загреб.

Студентите што го претставуваа нашиот факултет се: Маријана Илиева, Ана Макашчиева, Тамара Панчевска, Фатон Сулејмани и Андреј Мајнов, под менторство на проф. д-р Сашо Арсов, CFA и м-р Горан Марковски, CFA од КБ Публикум.

                                                         

Ова е наше трето учество на овој натпревар, кој подразбира процена на вредноста на компанија, односно на нејзините акции, задача која е мошне комплексна и одговара на нивото на работа на професионалните инвестициски аналитичари. Целокупниот ангажман започнува неколку месеци претходно, кога компанијата која е предмет на процена се претставува пред учесниците во натпреварот. Потоа, екипата изработува писмен извештај, а на крајот процената се презентира пред меѓународна стручна комисија, составена од врвни експерти во финансиската индустрија. Овој настан се одржа во Љубљана, на 8.3.2018. Првото место го освои екипата од Загреб, а според освоените бодови, нашите студенти се наоѓаат на второто место.

На крајот, мораме да им честитаме на студентите за вложениот напор од нивна страна и успешната презентација на Факултетот.


10.04.2018 прочитано: 1268