Втор циклус на студии: пријавување за Август-септемвриска испитна сесија, 2018


Пријавување за Август-септемвриска испитна сесија, 2018 (on-line) 27.06.2018-10.07.2018 год.

ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО

1. Студентите запишани во учебната 2013/2014, 2014/2015, 2015/2016, 2016/2017 и 2017/2018 година, во iKnow апликацијата,задолжително треба да го/ги пријават ИСПИТИТЕ on-line на адреса www.iknow.ukim.edu.mk Август-септемвриска испитна сесија (трета испитна сесија ).Студентите кои ги немаат презапишано предметите од соодветниот семестар, прво треба да ги презапишат предметите , па да пријават испит.

Најавување:

* Со e-mail адресата со која Ве препознава iKnow системот и

* Лозинката со која се пријавувавте и до сега во iKnow системот.

2. Студентите запишани во учебната 2012/2013год. и пред 2012/2013 год. , задолжително треба да го/ги пријаватИСПИТИТЕ on-line, во Службата за втор циклус на студии, од 27.06.2018 -10.07.2018 год. од 12,00 – 14,00часот.

Напомена:Ова се однесува само за студентите кои уредно со Молба и соодветна уплата го пролонгирале рокот за полагање на испити .Оние студенти кои не го пролонгирале рокот треба да достават Молба и соодветна уплата за пролонгирање на рокот за полагање на испити со индексот во Архива.

ПРИЈАВИТЕ за испит за студентите од точка 1 , 2 задолжително се носат на денот на испитот, заедно со уредно захевтана/залепена уплатница за испитот и уплатница за административна такса.

Студентите кои не можат и/или не знаат да се пријават on-line истото можат да го направат во Службата за Втор циклус на студии од 12,00 – 14,00 часот, најдоцна до 10.07.2018 година.

После овие датуми пријавувањето е со надомест за задоцнето пријавување.

Професорот нема обврска да го прими на испит оној студент кој на денот на испитот не донел пријава за испит со уредно прикачена уплатница за испитот и уплатница за административна такса. За евентуални прашања/проблеми при on-line пријавувањето може да се обратите на мел: administrator@eccf.ukim.edu.mk.

Датумите за испитите објавени се на веб страната на огласната табла од втор циклус на студии.

1. Студентот се најавува спрема горе наведеното објаснување

2. Во таб-от „пријави“ е креирана септемвриска испитна сесија или (летна) трета испитна сесија со дефинирани предмети за пријавување

3. Се одбира професорот и се штиклира квадратчето во колоната пријави

4. На крај се потврдува пријавувањето на копчето „внеси“

5. Сите успешно пријавени испити кај секој кандидат стануваат видливи во долниот дел „пријавени

испити“

НА ДЕНОТ НА ИСПИТ СТУДЕНТИТЕ ПОДНЕСУВААТ :

- пријава за испит

- уплатница за таксена марка од 50,00 денари

- уплатница за испит од 25 евра (за студенти запишани од 2010 до 2017 година)

- индекс 


27.06.2018 прочитано: 728