Втор циклус: Упис на зимски семестар, 2018/2019


Упис на зимски семестар,  за студентите запишани на втор циклус на студии  од 17.09.2018 до 27.09.2018 година од 11,00 до 14,00 часот во Службата за втор циклус на студии

1.Студентите запишани во учебните 2013/2014, 2014/2015, 2015/2016, 2016/2017, и 2017/2018 година, во IKnow апликацијата задолжително треба да го запишат зимскиот семестар  он-лине и да ги изберат предметите од зимскиот семестар.

Најавување: www.iKnow.ukim.edu.mk

  • со е-маил адресата со која Ве препознава IKnow системот и
  • лозинка со која се пријавувавте и до сега во IKnow системот.

Непочитување на процедурите и непридржување кон дадениот распоред повлекува  надомест за не навремена заверка/упис на семестар

Уписот е не комплетен без поднесување на потребните документи во службата за втор циклус на студии  од 17.09.2018 до 27.09.2018 година од 11,00 до 14,00 часот.

Потребни документи за Упис на семестар  се:

-образец за запишување  на  семестар  (на кој ќе ги напишете задолжителните или изборни предмети од семестарот кој се запишува или презапишува, истите предмети ги запишувате и на наредната страна на индексот) со уплата од  50,00 денари за таксена марка и

-уплата од 500 евра во денарска противредност по среден курс на Народна банка, уплатени на жиро сметка на Економски факултет-Скопје.

-За студентите кои треба да презапишат предмет, надоместокот кој е потребен за презапишување на предмет, а кој треба да се уплати  е еднаков на вредноста на ЕКТС кредитот помножен со бројот на ЕКТС кредити кои ги носи соодветниот предмет кој се презапишува. Вредноста на еден ЕКТС кредит изнесува 22,72 евра - за едногодишни студии и  19,23 евра-за двегодишни студии,     во денарска противредност според курс на НБРМ на денот на уплатата.

Уплатата се врши на Образец ПП  50

Во делот за ПРИМАЧ се  запишува:

 

Назив на примачот                               Економски факултет-Скопје

Банка на примачот                               НБРМ

Сметка                                                    100000000063095

Сметка на буџетски корисник           1600103697 788 10

Приходна шифра  и програма            723019               41

 

Во Повикување на број-задолжување од левата страна на уплатата се потполнува

723019 / 1 за  Сметководство и ревизија

723019 / 2 за  Европски студии

723019 / 4 за   Маркетинг

723019 / 6 за  Монетарна економија,финансии и банкарство

723019 / 8 за  МБА-Менаџмент

723019 / 9 за  Економски развој и меѓународни финансии

723019 / 10 за  Менаџмент во осигурувањето

723019 / 11 за  Управување во јавен сектор

723019 / 12 за  СМЕБЕ

723019 / 13 за   Е-бизнис менаџмент

723019/ 14 за Стратегиски менаџмент на човечки ресурси

Во цел на дознака

Името на студиумот и целта на уплатата

 


11.09.2018 прочитано: 1321