Конкурси за упис на втор и трет циклус на студии во учебната 2019-2020


линк втор циклус

линк трет циклус

КОНКУРСОТ за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2019/2020 е објавен на официјалната веб страна на Универзитетот.

НАСТАН

Прв рок

Втор рок

Пријавување на кандидатите

10.09.2019 до 25.09.2019

 

Запишување на кандидатите

26-30.09.2019

 

 

ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ: - од 10.09.2019 до 25.09.2019 год.од 09,00,00 до 15,00 часот во Службата за втор циклус на студии.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со конкурсот , секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електонската пријава во iKnow системот. Бројот кој што автоматски го добил од системот за електонско пријавување (iKnow) треба да се внесе во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

 

При поднесување за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  1. Пријава за запишување на УКИМ (образец А1)

  2. Електонска пријава (од Iknow).

  3. Кратка биографија.

  4. Уверение за завршени четиригодишни или тригодишни додипломски студии.

  5. Потврда за активно познавање на странски јазик.

  6. Извод од матична книга на родени (оригинал, без разлика на датумот на издавање).

  7. Уверение за државјанство на Р.М (уверение или решение оригинал, без разлика на датумот на издавање).

  8. Препораки од наставни или научни работници (доколку има такви).

  9. Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат).

  10. Документи за евентуални награди, признанија и други документи.

 

 

 

 


01.07.2019 прочитано: 2031