ИЗВЕСТУВАЊЕ за студентите запишани во прва година 2019/2020, во првиот и вториот уписен рок


Почитувани студенти,

Со особено задоволство ве покануваме заедно да го одбележиме почетокот на новата академска година 2019/2020.

Овој свечен настан ќе се случи на  1.10.2019 година (вторник), во аулата на Економскиот факултет Скопје со почеток во 12.00 часот во чии рамки ќе бидат доделени индексите на новата генерација студенти на Економскиот факултет, меѓу кои и индексите на 10-те најдобри матуранти- добитници на стипендија од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  во Скопје.

Редовната настава ке започне на 02.10.2019, согласно објавениот Распоред за настава.

Во очекување со вашето ценето присуство да го збогатите овој настан.

 

Со почит,

ДЕКАН

Проф.д-р Предраг Трпески

Економски факултет-Скопје

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје

 


24.09.2019 прочитано: 1879