Инфо-трибина на тема „Европски фондови за истражување и развој“ (5.12.2016, 10.00-12.00, Амф.2)


Почитувани,

На ден 5.12.2016 година, понеделник, во амфитетар 2 на Економскиот факултет-Скопје, УКИМ со почеток во 10.00 часот ќе се одржи инфо-трибина на тема „Европски фондови за  истражување и развој“ организиран од EEN ( Enterprise European Network) во Македонија и ЕУи (Центарот за податоци и информации за ЕУ) при Економскиот факултет-Скопје, УКИМ.

На овој настан свое поздравно обраќање ќе има проф.д-р Весна Буцевска, продекан за наука и меѓународна соработка на Економскиот факултет-Скопје, доц.д-р Даниела Мамучевска, Раководител на ЕУи на ЕФ,УКИМ, м-р Бети Костадиновска Димитровска од EEN во Македонија, а во работниот дел гости – презентери ќе бидат г-а Виолета Атанасовска до Министерството  за образование и наука на РМ, доц. д-р Мијалче Санта од ЕФ, УКИМ, г-а Неда Коцарева од EURAXESS и м-р Бети Костадиновска Димитровска од EEN во Македонија (АГЕНДА).


Во очекување на Вашето ценето присуство,

Проф. д-р Љубомир Дракулевски

ДЕКАН

Економски факултет-Скопје, УКИМ

 


01.12.2016 прочитано: 901