Едукативните книги и сликовници од студентите на Економскиот факултет - Скопје измамија насмевки на децата од одделот за кардиологија


Едукативните книги и сликовници од студентите на Економскиот факултет - Скопје измамија насмевки на децата од одделот за кардиологија

 

Студентите на Економски факултет-Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методија” во Скопје во рамки на предметот Управување со производот, на 15 декември, повторно го покажаа своето чувство за општествена одговорност донирајќи едукативни книги на одделот за кардиологија. Имено,студентите донираа книги, боички, полици, боенки, моливи, едукативни книги, балони и како резултат на ангажираноста и професионалната посветеност на студентите, донацијата беше успешно реализирана.

Донацијата имаше мото “Шарени страници за насмевки без граници”,  потенцирајќи ја  радоста и важноста на читањето и  студентите  успеаа да им го развеселат и разубават денот на дечињата при одделот за кардиологија од ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести- Скопје, кои топло ги пречекаа студентите.

Иницијатори и организаторите на овој настан беа 50 студенти од  департманот маркетинг од  Економски Факултет – Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје под менторство на доц. д-р Ежени Брзовска.  Како поддржувачи на овој хуманитарен настан се јавија издавачкиот центар Три, Арл Ламина, Ѓурга, Академска книга, Просветно дело, печатницата Дата Понс, Импегна како и одговорните лица од граѓанската акција  „Мрдни со прст“.

Хуманитарната акција се реализираше во најдобар ред благодарение на  на значителната поддршка на доктор Розана Кацарска, шеф на одделот за кардиологија од ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести- Скопје и доктор Аспазија Софијанова,  директор на Клиниката за детски болести.

 

Голема поддршка студентите добија и од деканот проф. д-р Љубомир Дракулевски и  продеканот за настава проф. д-р Предраг Трпески.

 


19.12.2016 прочитано: 846