Отворен повик за 6 целосни стипендии на Руската Претседателска Академија


 

Отворен повик за 6 целосни стипендии на Руската Претседателска Академија (RANEPA)

Македонија2025 со гордост објавува дека оваа година, членот на клубот на Лидери на Македонија2025, Никола Ќурчиски, обезбеди 2 целосни стипендии за додипломски студии и 4 целосни стипендии за постдипломски-мастер студии, на Руската Претседателска Академија за академската година 2017.

 

ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ

Global Governance and Leadership (2 целосни стипендии)

Студиите на оваа програма за додипломски студии се целосно на англиски јазик. На крајот на студиите, дипломецот ќе добие две дипломи, една од РАНЕПА и една од Универзитетот во Болоња (Италија).

Оваа програма е дизајнирана со цел студентите да станат подобри лидери во приватниот, јавниот и непрофитниот сектор.

Оваа програма става голем акцент на лидерството и им ги дава на студентите потребните вештини за донесување тешки одлуки за критични прашања, со кои се соочува денешното општество.

Школарината за оваа четири годишна програма за додипломски студии изнесува $29 000.

Повеќе информации за програмата може да прочитате тука.

Потребни услови за аплицирање:

Овие студии се отворени за студенти кои успешно го завршиле своето средно образование и течно го зборуваат англискиот јазик.

  • Среден успех од средно образование, не понизок од 4.0;

Одлично познавање на англиски јазик;

  • Учество во училишни и вон-училишни активности.

Апликацијата треба да содржи:

  • CV (на англиски јазик);
  • Мотивациско писмо (до 1000 зборови);
  • Копии (скенови) од сведителствата од средно училиште;
  • Копии (скенови) од други дипломи и сертификати.

 

ПОСТДИПЛОМСКИ- МАСТЕР СТУДИИ

1. Global Finance (2 целосни стипендии)

Оваа мастер програма е дизајнира со цел да ги подготви професионалците за една нова генерација во областа на финансиите и управувањето со кризи. Со дипломата од мастер студиите во Глобални финансии, можете да ги развиете и подобрите вашите вештини за донесување одлуки и да се стекнете со практично искуство што ќе ве стави во позиција да напредувате во својство на: консултант, финансиски аналитичар или менаџер за управување со ризици на интернационалниот пазар на трудот.

Школарината за оваа двегодишна мастер програма е $10 000.

Повеќе информации може да прочитате тука.

 

2. Master of Global Public Policy (1 целосна стипендија)

Студиите на оваа двегодишна програма се целосно на англиски јазик, а предавањата ги одржуваат професори со светско реноме, од Русија и од целиот свет. Овие студии се први од ваков вид во Русија и целта им е да ги подготват студентите да заземат лидерски позиции кои се однесуваат на клучни предизвици на денешната глобална политика.

Школарината за оваа двегодишна мастер програма изнесува $15 000.

Повеќе информации може да прочитате тука.

 

3. Project Management (1 целосна стипендија)

Мастер студиите за управување со проекти се наменети за подготовка на високо квалификувани специјалисти во една од областите од менаџментот, кои се во голема побарувачката денес, како и да помогнат да се развијат вештините за стратешко размислување и способноста да се прифатат и имплементираат стратешките одлуки во различни контексти. Програмата исто така ќе ги научи студентите на ефективни вештини за управување со руски и интернационални проекти.

Школарината за двегодишната мастер програма изнесува $10 000.

Повеќе информации може да прочитате тука.

 

Потребни услови за аплицирање:

 Постдипломските- мастер програми се наменети за студенти кои имаат   диплома за успешно завршени додипломски студии  и течно го зборуваат англискиот јазик.

  • Работно искуство се смета за предност.
  • Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  1. TOEFL (IBT) – 70 (мин.), IELTS- 5.5 (мин.)
  2. Доколку кандидатот не поседува резултати од тест по англиски  јазик, нивото на познавање може да биде определено за време на интервјуата.
  3. Кандидатите кои поседуваат диплома за завршени додипломски или постдипломски студии на англиски јазик, нема потреба да доставуваат резулатати од TOEFL/IELTS тестови.

Апликацијата треба да содржи:

  • CV (на англиски јазик);
  • Копија од уверение за завршени студии и диплома;
  • Мотивациско писмо (кое објаснува зошто би сакале да студирате на одбраната мастер програма).
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг, ќе бидат повикани на интервју.
  • Дополнително, само на одбраните кандидати на кои ќе им биде доделена стипендија, ќе им биде побарано да пополнат апликациска формулар и да подготват дополнителни документи потребни за добивање виза.

 

Ве молиме, потребните документи да ги испратите на elena@macedonia2025.com, најдоцна до 31-ви март.

                  


23.03.2017 прочитано: 1896