КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБАР ЕСЕЈ


                                                                                  

Во рамки на активностите на Центарот за податоци и информации за Европска Унија (EUi) при Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје по повод одбележувањето на Денот на Европа распишува

 

  КОНКУРС

за
избор на најдобар есеј

на тема:

„ 60 години од Римските договори – Новите проблеми и предизвици за Европската Унија

 

 

Кој може да учествува?

Право на учество имаат студентите на прв и втор циклус на студии на Економскиот факултет – Скопје.

Правила на учество

1. Секој студент може да конкурира со само еден есеј;

 

2. Есејот (со 1200 - 1500 зборови), може да биде напишан на македонски јазик или на англиски јазик,  и најдоцна до 10.05.2017 година, треба да се испрати на следните е-mail адреси:  ck@eccf.ukim.edu.mk и danielam@eccf.ukim.edu.mk со назнака: За КОНКУРС за најдобар есеј (ЕУи). Трудот треба да биде изработен во фонт  Times New Roman (во македонска поддршка доколку текстот се пишува на македонски јазик), големина на текстот 12 pt, единечен проред (spacing - single).

 

3. Во прилог на есејот, студентот треба да достави:

  • ИЗЈАВА дека неговиот труд е негово оригинално дело
  • Пријава која ќе ги содржи следниве информации:
  1. Име и презиме
  2. Студиска година
  3. Департман
  4. Контакт е-мејл и контакт телефон

 

Временска рамка:

  1. Конкурсот е отворен од 18.04.2017 – 10.05.2017 година (заклучно со 10-ти мај 2017).
  2. Оценување на добиените есеи ќе биде во периодот од 11.05.2017 до 14.05.2017 година, од страна на комисија составена од професори на Факултетот.
  3. Свечено прогласување на најдобрите есеи и доделување на наградите ќе биде во рамки на официјалната прослава на 15.05.2017 година.

Награди:

Првонаградениот есеј ќе биде објавен во Годишникот на Економски факултет-Скопје, и од Делегацијата на Европска Унија во Р. Македонија ќе му биде доделен пакет со пригодни материјали публикувани од ЕУ.

Второ и трето наградените студенти ќе добијат пригодни подароци од Делегацијата на Европска Унија во Р. Македонија.

Специјална награда за студентот, чијшто есеј ќе биде избран за најдобар ќе биде и можноста за двомесечно стажирање во ЕУ Инфо Центарот кој функционира во рамки на Делегацијата на Европска Унија во Р. Македонија во Скопје, како и обезбедено платено учество на 7-мата Меѓнародна летна школа „Направи разлика – стани млад лидер во справување со новите економски предизвици на патот кон ЕУ“ во периодот од 7-13 август  во Охрид.

 

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ! ПРИФАТЕТЕ ГО ПРЕДИЗВИКОТ и ПРИЈАВЕТЕ СЕ!


18.04.2017 прочитано: 1198