VII-ма Меѓународна летна школа „Направи разлика - стани млад лидер во справување со новите економски предизвици на патот кон ЕУ““


 

Цел на проектот

 

Меѓународната летната школа е проект кој по седми пат се организира од страна на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј ” во Скопје и студентската интернационална платформа АИЕСЕК Скопје.

По веќе успешно реализираните шест меѓународни летни школи под наслов:

  • „Направи разлика - стани зелен ЕУ лидер“ (2010)
  • „Направи разлика - стани иновативен ЕУ лидер“ (2011)
  • „Направи разлика - стани општествено одговорен ЕУ лидер“ (2013)
  • „Направи разлика - стани европски лидер за одржлива конкурентска предност“ (2014)
  • Направи разлика – стани европски лидер кој креира промена” (2015)
  • „Направи разлика – стани лидер со унапредување на регионалната соработка преку царинската модернизација“ (2016)

темата на овогодинешната Школа Направи разлика – стани млад лидер во справување со новите економски предизвици на патот кон ЕУ е дефинирана во согласност со актуелните проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот на патот кон нивното полноправно зачленување во Европската Унија, од една страна; и тековните проблеми и предизвиците со кои се соочува Унијата по последната економска криза, од друга страна.

Целта на проектот е пренесување на теоретските и практични искуства поврзани со новите сознанија во економијата и јавните политики во посткризниот период, а кои треба да се земат предвид во справување со економските проблеми и реформи во земјите од регионот во функција на јакнење на конкурентноста на нивните економии на патот кон ЕУ.

 

Интегрални тематски области:

  • Економски реформи и политики на патот кон ЕУ;

  • Финансиски пазари и институции

  • Институции и институционални реформи;

  • Економија базирана на знаење;

  • Претприемништво, бизнис и економски перформанси.  

 

Во рамките на овие тематски области, проектот подетално ќе ги елаборира следниве прашања:

  • Предизвиците во спроведување на економските реформи на патот кон ЕУ;
  • Економските концепции и политики во пост-кризниот период;
  • Улогата на финансиските пазари и институции за одржување на стабилноста и поттикнување на економската активност; 
  • Значењето на институциите  за  социо-економскиот развој;
  • Институционалните реформи во функција на поттикнување на економскиот развој и зголемување на општествената благосостојба;
  • Улогата на знаењето и  човечкиот капитал во поттикнување на економскиот раст и реформските процеси на патот кон ЕУ;
  • Економијата базирана на знаење како основа за побрз економски развој и глобална интеграција;
  • Предизвиците на бизнис секторот на патот кон ЕУ;
  • Улогата на претприемништвото во јакнење на конкурентноста на бизнисот и подобрување на економските перформанси.

Најавените тематски области ќе бидат покриени од академски кадар од реномирани и добро етаблирани универзитети, како и од експерти од релевантни домашни и меѓународни институции. Посебен простор на Школата ќе биде оставен за размена и пренесување на искуствата од успешните македонските компании.

 

Работен јазик на Меѓународната летна школа: англиски јазик

Период на одржување на школата:  07-13.8.2017

Локација: Конгресен центар, Охрид, Република Македонија  http://www.ukim.edu.mk/kc/index_eng.html

 

ПРИЈАВИ СЕ ОВДЕ

КОТИЗАЦИЈА : 150 Eвра

Краен рок за пријавување: 15-ти јуни 2017

Потврда за прифатена пријава: 20-ти јуни 2017

 

Информација за студенти ОВДЕ 

Фан страна на школата на Фејсбук ОВДЕ 

 


14.06.2017 прочитано: 1008