Окта стипендии за студенти на втор циклус студии по МБА Менаџмент


 
На 19 септември 2017 година (вторник), во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Универзитетот и компанијата ОКТА АД - Скопје.
 
Соработката ќе овозможи стипендирање на 10 студенти на втор циклус студии на следниве пет факултети во рамките на Универзитетот: Економскиот,Машинскиот, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Технолошко-металуршкиот факултет и Природно-математичкиот факултет.
 
Во таа насока Економскиот факултет - Скопје, УКИМ ќе го врши изборот на студентите врз основа на остварениот просек на прв циклус студии.

29.09.2017 прочитано: 556