ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА СТБ 1/2017 РАБОТИЛНИЦА (за студенти)


 

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА СТБ - РАБОТИЛНИЦА 1/2017

организирана од Центарот за кариера

во соработка со Стопанска банка АД Скопје

 

Почитувани студенти,

 

Економскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ЕФ Скопје, УКИМ) во соработка со својот долгогодишен поддржувач Стопанска банка АД Скопје најавува одржување на првата од првиот циклус на работилници , предвидена во две целини и тоа:

1 дел:  Мојот кариерен пат  - од студент до млад професионалец

2 дел: Банкарските услуги од перспективата на младите

 

Датум на одржување: 19.10.2017 година (четврток)

Локација: Економскиот факултет  - Скопје (Предавална 10)

Време: 14.00-16.00

Профил на учесници:  студенти на Економскиот факултет-Скопје, УКИМ 

Предавачи:  Даниел Ѓуревски, https://www.linkedin.com/in/danielgjurevski/

                     Симона Крстевска, https://www.linkedin.com/in/simona-krstevska

Број на учесници: максимум 40 студенти.

 

УЧЕСТВОТО НА РАБОТИЛНИЦАТА Е БЕСПЛАТНО.

 

Сите заинтересирани студенти можат да се пријават со доставување на следните податоци:

 

Име и презиме, Департман, Година на студии:

(пр.Бојан Давидов, Надворешна трговија, III )

 

Податоците треба да се достават на marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА РАБОТИЛНИЦА СТБ 1/2017.

 

Повикот е отворен до 18.10.2017  (заклучно со 18.10.2017 , среда, 13.00 часот).

 

Списокот со избраните кандидати ќе биде истакнат на веб страната и на фан страната на Економски факултет на Фејсбук на 18.10.2017 (среда, најдоцна до 16.00 часот) од страна на Центарот за кариера.

 

НАПОМЕНА: Секој студент кој ќе се види на списокот е всушност и слушател на работилницата. Бидејќи бројот на слушатели е ограничен, принципот е „прв пријавен-прв избран“ т.е. првите 40 пријавени ќе бидат и избрани како учесници.

 

Во очекување на Вашите пријави.

 

Со почит,

Центар за кариера

Економски факултет-Скопје, УКИМ

 


16.10.2017 прочитано: 1319