ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ ЗА АПСОЛВЕНТИТЕ


Почитувани колеги апсолвенти,

 

Со цел обезбедување на услови за сликање за апсолвентско табло прифатливи за сите апсолвенти, Економскиот факултет-Скопје, УКИМ дава можност Вие како апсолвенти да имате можност самите да изберете од три понуди доставени од фото студијата.

 

Трите најповолни понуди кои ќе стигнат до архивата Факултетот, ќе бидат објавени во петок, 10.11.2017 година после 14.00 часот, на веб страната на Факултетот, а апсолвентите ќе имаат можност да се произнесат за нивниот избор на датум за кој ќе Ве известиме повторно на веб страната на Факултетот. Изборот ќе биде реализиран согласно претходно утврдена процедура одобрена од Факултетот.

 

До следното известување,

 

Со почит,

Економски факултет-Скопје

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје


07.11.2017 прочитано: 2060