ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА СТБ - РАБОТИЛНИЦА 2/2017


 

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА СТБ - РАБОТИЛНИЦА 2/2017

организирана од Центарот за кариера

во соработка со Стопанска банка АД Скопје

 

Почитувани студенти,

 

Економскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ЕФ Скопје, УКИМ) во соработка со својот долгогодишен поддржувач Стопанска банка АД Скопје најавува одржување на втората од првиот циклус на работилници , предвидена во две целини и тоа:

 

1 дел:  Од пракса до вработување

2 дел: Симулација на интервју

 

*пријавените учесници на рaботилницата во пријавата за работилницата освен своите податоци препорачливо е да достават и свое CV како би влегле во активноста на работилницата предвидена за овој дел.

 

Датум на одржување: 21.11.2017 година (вторник)

Локација: Економскиот факултет  - Скопје (Предавална 4)

Време: 14.00-16.00

Профил на учесници:  студенти на Економскиот факултет-Скопје, УКИМ 

Предавачи:    

            Билјана Санев, Директор на дирекција за бизнис партнери  ( LinkedIn )

            Даниела Радевска, Бизнис партнер ( LinkedIn )

                         Златка Петреска, Бизнис партнер ( LinkedIn )

          

Број на учесници: максимум 40 студенти.

 

УЧЕСТВОТО НА РАБОТИЛНИЦАТА Е БЕСПЛАТНО.

 

Сите заинтересирани студенти можат да се пријават со доставување на следните податоци и CV во прилог:

 

Име и презиме, Департман, Година на студии:

(пр.Бојан Давидов, Надворешна трговија, III )

 

Податоците треба да се достават на marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА РАБОТИЛНИЦА СТБ 2/2017.

 

Повикот е отворен до 20.11.2017  (заклучно со 20.11.2017 , понеделник, 14.00 часот).

 

Списокот со избраните кандидати ќе биде истакнат на веб страната и на фан страната на Економски факултет на Фејсбук на 21.11.2017 (вторник, најдоцна до 10.00 часот) од страна на Центарот за кариера.

 

НАПОМЕНА: Секој студент кој ќе се види на списокот е всушност и слушател на работилницата. Бидејќи бројот на слушатели е ограничен, принципот е „прв пријавен-прв избран“ т.е. првите 40 пријавени ќе бидат и избрани како учесници.

 

Во очекување на Вашите пријави.

 

Со почит,

Центар за кариера

Економски факултет-Скопје, УКИМ

 


17.11.2017 прочитано: 975