ИЗВЕСТУВАЊЕ- К О Н К У Р С


Почитувани,

 

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје, на ден 16.11.2017 година во дневниот печат, Нова Македонија, Слободен печат и Коха објави конкурс за ангажирање на 3 асистенти-докторанди кој е со следната содржина:

 

К О Н К У Р С

 

За избор на:

 -еден извршител, асистент - докторанд во научната област: економска теорија (50300);

-еден извршител, асистент - докторанд во научната област: сметководство (50328);

-еден извршител, асистент - докторанд во научната област: група предмети од областа на правото (508).

 

            Услови: Кандидатите покрај општите услови, треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени со Законот за високото образование и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и асистенти докторанди на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ (Универзитетски гласник бр 274/13).

 

           Со пријавата, кандидатите треба да поднесат и: кратка биографија, изјава дека ги исполнуваат општите и посебните услови, документите со кои се докажува исполнетоста на општите и посебните услови и уверение за државјанство. Документите треба да се достават во оргинал или заверена копија на нотар.

 

            Изборот ќе се изврши soгласно Законот за високото образование и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и асистенти докторанди на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ (Универзитетски гласник бр 274/13).

 

            Основната плата изнесува околу 22.500 денари, а истата ќе зависи од ангажираноста на кандидатoт согласно актите на Факултетот.

 

            Работното време е утврдено согласно актите на Факултетот и распоредот на часови по семестри.

            Пријави со комплетна документација се поднесуваат во рок од 8 дена од денот на објавувањето на конкурсот во архивата на Факултетот, или по пошта на адреса: бул. Гоце Делчев бр.9В, Скопје.

            Ненавремени и непотполни пријави нема да се разгледуваат.

            Избраниот кандидат се aнгажира согласно Законот за високото образование.

            Дополнителни информации на телефон 02 3286 825.

 

 

                                                         Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

                                                                        Економски факултет-Скопје

 

 

 

 

 

 

 

 


17.11.2017 прочитано: 1475