ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПРОГРАМАТА „НАЈДОБРИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ“ за АКАДЕМСКАТА 2018-2019 ГОДИНА


Поради успехот на оваа програма во текот на изминатите години Steiermärkische Sparkasse Bank и оваа година иницира соработка со Универзитетот во Грац во рамки на програмата „Најдобрите од Југоистокот“ – програма за унапредување и дообразување на талентирани и успешни студенти во и од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Република Македонија при што на 10 студенти од овој регион ќе им биде дадена можност за обука и пракса.

Оваа програма има за цел да им овозможи на целните групи на студенти да се стекнат со меѓународно работно искуство, а воедно и да им понуди обуки и можности за понатамошна наобразба. Програмата за обука (trainee program) и програмата за стажирање-пракса (internship program) воедно има за цел да им го олесни на студентите нивното вклучување во активната професионална средина.

 

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА (TRAINEE PROGRAM) И ПРОГРАМА ЗА СТАЖИРАЊЕ/ПРАКСA (INTERNSHIP PROGRAM)

На студентите кои дипломирале или сèуште студираат на факултети за економија и право кои се во рамки на универзитети од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Република Македонија ќе им биде дадена можност да се пријават и доколку бидат избрани да бидат дел од програмата „Најдоброто од Југоистокот“ за академската 2018/2019 година. Програмата за обука и програмата за стажирање-пракса се во времетраење од 1 година(септември-август).

 

Кандидати кои можат да аплицираат за двете програми:

  • Студенти на додипломски студии (прв циклус) кои се во последна третина од студиите (3 или 4 година т.е минумум запишан и заверен V-ти семестар),

и

  • Дипломирани студенти или студенти кои се веќе запишани на втор /трет циклус на студии.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

  • Многу добро познавање на англискиот и добро познавање на германскиот јазик (Б1 за апликантите за програмата за обука или А2 ниво за програмата за пракса -стажирање);
  • Одлично познавање на англискиот јазик;
  • Државјани на Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија;
  • Висок просек на тековните/завршените студии;
  • Не повеќе од 27 години во моментот на аплицирањето
  • Посветеност, силни комуникациски способности, флексибилност, аналитичко и практично економско размислување.

 

На дипломираните студенти или последипломци кои ќе бидат избрани да учествуваат во програмата за обука (trainee program) ќе им биде овозможено да ги доусовршат своите јазични вештини за време на нивнaта едногодишна обука во Steiermärkische Sparkasse Bank, како и да посетуваат одредени курсеви по нивен избор. Последниот месец од обуката е предвидено да се одвива на една од локациите на банката во Југоисточна Европа. Дипломците кои ќе бидат избрани да ја посетуваат оваа програма за обука, задолжително мора да положат испити чиј збир на ЕКТС кредити изнесува минимум 16 ЕКТС (испитите ги слушаат и полагаат на Универзитетот во Грац).

 

На студентите кои ќе бидат избрани да учествуваат во програмата за стажирање – пракса (internship program), а се во завршните години од своите студии (3 или 4 година т.е минумум запишан и заверен V-ти семестар), за време на нивниот едногодишен престој во Грац, на Универзитетот во Грац, ќе им биде овозможено да слушаат и полагаат испити кои се компатибилни со испитите во рамки на нивните студии на матичниот факултет (регулирани со Договор за учење) и кои ќе им бидат признаени по завршување на нивниот престој во Грац. Овие студенти истотака имаат можност за двомесeчното стажирање во летниот период, по завршувањето на академската година, со што им се дава можност активно да се вклучат во секојдневното работење на Steiermärkische Sparkasse Bank. Кандидатите кои ќе бидат избрани да ја посетуваат оваа програма за обука, задолжително мора да положат испити чиј збир на ЕКТС кредити изнесува минимум 30 ЕКТС (испитите ги слушаат и полагаат на Универзитетот во Грац).

 

 

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

 

Чекор 1: НАЈПРВИН ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ТРЕБА ДА СТАПАТ ВО КОНТАКТ СО КОНТАКТ ЛИЦЕТО ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ГРАЦ (christa.grassauer@uni-graz.at) Од контакт лицето од Универзитетот во Грац ќе добијат шифра за да можат да пополнат онлајн апликација.

 

НАПОМЕНА: Во мејлот кој ќе го испратите до christa.grassauer@uni-graz.at за да добиете Code for Online Аpplication (шифра за да ја пополните онлајн апликацијата) задолжително наведете ги следните информации:

  • Цело име и презиме (онака како што стои во пасошот);
  • Име на универзитетот каде што студирате или сте завршиле (називот на Универзитетот и факултетот треба да се наведе на македонски и на англиски јазик)

* За студентите од Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет-Скопје;

Ss.Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of Economics-Skopje

  • Информација за студиите
    • Тековни студенти (што студирате, кој степен на студии сте-прв,втор или трет, која година на студии сте во моментот на аплицирањето наведувајќи ја датата кога очекувате да дипломирате/магистрирате/докторирате );
    • Дипломирани студенти (информација за нивото на завршени студии-додипломски или мастер со наведен датум на дипломирање/магистрирање);
  • Доколку веќе сте студирале на некој од универзитетите во Австрија, наведете кога и на кој универзитет сте биле и наведете го Matrikelnummer (student ID number кој сте го имале)

 

Чекор 2: Откако успешно ќе ја завршат процедурата опишана во Чекор 1, студентите-апликанти ќе треба да ги подготват следните документи (на германски или англиски јазик, види детали во Упатството за онлајн аплицирање):

  1. Пополнет и потпишан формулар-пријава како и потврда за редовен студент  заверена од страна на Универзитетот (се симнуваат од онлајн апликацијата)
  2. Потврда за академски успех (диплома или уверение за положени испити и уверение за редовен студент)
  3. Кратка биографија (CV на англиски или германски јазик)
  4. Лична изјава во форма на есеј (максимум 2 страни) во кои апликантот ќе ја опише својата мотивираност и интересите кои го поттикнале да се пријави за оваа програма
  5. 2 препораки (една од препораките мора да биде од академско лице кои било/е вклучено во завршените/тековните студии на апликантот, а другата препорака, доколку апликантот е вработено лице од неговиот раководител-секако доколку апликантот е во можност да ја обезбеди);
  6. Потврда за познавање на германски јазик (Студенти на економија, познавање на германски јазик – минимум Б1 ниво (стажирање) и Б2 ниво (обука); и Дипломирани економисти, познавање на германски јазик – минимум Б 1(стажирање) и Б2 (обука).

НАПОМЕНА: За валидни се сметаат само официјални сертификати од ÖSD, Goetheinstitut или Treffpunkt Sprachen од Универзитетот во Грац. Сертификатите за познавање на јазик не треба да бидат постари од една година.

      7. Копија од страницата со лични податоци од пасошот.

* Прелиминарен договор за учење (Learning Agreement-ОВДЕ)

* Писмо на покана за докторанти (Letter of Invitation/Supervision-ОВДЕ)

* Online-Course Catalogue - How to use the UNIGRAZonline system

* English-taught Courses

 

Вкупниот износ на финансиската поддршка за една година по учесник изнесува максимум 10.000 евра и го покрива следново:

  • Сместување во еден од студентските домови во Грац;
  • 420 евра месечен надомест за други трошоци;
  • Интензивен курс по германски јазик во јазичниот центар “Treffpunkt Sprachen” кој е при Универзитетот во Грац
  • Регистрирање и школарина на Универзитетот во Грац;
  • Следење на наставната програма на Универзитетот во Грац.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

  • Лична изјава;
  • Академски успех;
  • Општествен ангажман;
  • Комуникациски вештини;
  • Активно познавање на англиски и германски јазик;
  • Препораки.

Кандидатите – апликанти ќе бидат избирани врз основа на нивните лични изјави, нивниот академски успех и препораките. Во процесот на селекција ќе бидат вклучени претставници на Steiermärkische Sparkasse Bank и на Универзитетот во Грац.  Она што ќе се вреднува во личната изјава на апликантот е дали истиот успеал да стави фокус врз личната мотивација и интересите кои го поттикнале да аплицира за оваа програма. Steiermärkische Sparkasse Bank  и Универзитетот во Грац го задржуваат правото да ги исклучат кандидатите пред завршувањето на програмата доколку тие не се раководат согласно насоките во рамки на програмата.

 

 КОНТАКТ ЛИЦЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ГРАЦ

 

University of Graz

Christa Grassauer

Tel.:+43 (0)316 380-1254 / Fax:+43 (0)316 380-9156

christa.grassauer@uni-graz.at

erasmusplus.intl.incoming@uni-graz.at

Работно време со студенти: понеделник-петок (9.30-12.00) / среда (13.00-15.00 часот)

 

Директен линк до објавата на веб страната на Шпаркасе банка Македонија ПОВИК ЗА „BEST OF SOUTH EAST" 2018/2019

Директен линк до веб страна на програмата Best of South East за академската 2018/2019

Директен линк до делот Најчесто поставувани прашања (FAQs)

Инфо-настанНа кафе и појадок со Шпаркасе “ (23.11.2017, Trend Caffe-Центар , 12.00 часот)

 

ДОСТАВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ

Комплетната документација за пријавување треба да се достави скенирана, во 1 документ во PDF формат најдоцна до 7 декември 2017 година (23.59 часот) на следниот контакт: christa.grassauer@uni-graz.at  

 

Шпаркасе банка Македонија за сите заинтересирани студенти за програмата „Најдобрите од Југоистокот“ за академската 2018/2019 организира ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА „НА КАФЕ И ПОЈАДОК СО ШПАРКАСЕ“  во четврток, 23.11.2017, Trend Caffe –Центар, со почеток во 12.00 часот.  Сите заинтересирани студенти се добредојдени на тој настан.

 

ПОЧИТУВАНИ СТУДЕНТИ, ПРОШИРЕТЕ ГИ ВИДИЦИТЕ, ПОМЕСТЕТЕ ГИ ГРАНИЦИТЕ и пријавете се да бидете дел од НАЈДОБРИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ!

 

Контакт лице од Економски факултет-Скопје, УКИМ

М-р Маријана Секуловска

Советник за меѓународна соработка и Раководител на Центарот за кариера

marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk

02/3286-835

 

 

 


20.11.2017 прочитано: 298