ПОВИК за пријавување на тројца студенти за учество на Третата меѓународна студентска конференција со наслов “Global Trade Automation: Internet of Things and Big Data Analysis for Customs Decision Making"


Конференцијата е во организација на Царинскиот комитет на Република Азербејџан во соработка со Царинската академија на Република Азербејџан и INCU регионалната канцеларија со седиште во Баку, Азербејџан.

 

Конференцијата ќе се одржи во периодот од 4-7.07.2018 година во Мингачевир, Азербејџан. Сите трошоци околу патувањето, сместувањето, три оброци на ден и екскурзиите што се во склоп на настанот се покриени од организаторите.

 

Кандидатите се должни да изработат труд од максимум 15 страници на англиски јазик што ќе го презентираат на конференцијата на една од следните предложени теми:

 

1. Customs Information Management and a new generation of Compliance Management;

2. Innovative approaches to Customs management and trade facilitation;

3. Revenue collection on e-commerce;

4. Effective management models in e-trade.

 

 

За конференцијата можат да конкурираат студенти од трета и четврта година на департманите Надворешна трговија и Е-бизнис, но и постдипломци и докторанти што имаат познавања од наведените области и сакаат да истражуваат во рамки на истите. Пријавените кандидати мора одлично да го познаваат англискиот јазик за да можат самостојно да ги презентираат своите трудови на конференцијата.

Селекцијата на кандидатите ќе ја вршат наставниците од Катедрата Надворешна трговија.

 

Рокот за пријавување е до крајот на работното време на 28.02.2018. Пријавите треба да се достават во архивата на Економски факултет.

 

 


14.02.2018 прочитано: 877