Работилница на Македонски Телеком АД Скопје: Digital Talents (23.02.2018, петок, 9.30-11.00, предавална 10)


Почитувани студенти,

 

Македонски Телеком е најголемиот оператор за електронски комуникации во земјата и е дел од глобалниот телекомуникациски лидер, Deutsche Telekom.

 

Ние како компанија имаме цел да им ги приближиме на своите корисници најновите светски достигнувања во областа на електронските комуникации.

 

Вие, студентите од Економски факултетот  од следните насока: Е-бизнис, Маркетинг и Менаџмент сте идните носители на новите технологии, затоа би сакале да се информираме  за вашите интереси, вештините кои ги поседувате и покрај професионалното и теоретско знаење,  да ви понудиме и практично работно искуство кое ќе ја зголеми можноста за вашето идно вработување.

 

Ќе ни биде чест да ве  поканиме на настанот Digital Talents што го организираме на 23.02.2018 година, петок, во 09:30 часот  во предавална 10 на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Планирани се и низа забавни активности во вид на прашања и одговори, а за најуспешниот студент Македонски Телеком ќе додели мобилен телефон Huawei P10 Lite

 

По завршување на настанот сите заинтересирани студенти треба да достават своја биографија на следнава мејл адреса sonja.kargova@telekom.mk

 

Ние ќе ги избереме студентите кои се најсоодветни за нашиот проект, преку кој ќе стекнете дополнителни практични искуства и ќе ги развиете своите професионални вештини. Се надеваме дека ќе ве заинтересираме и ве очекуваме,

 

 

Со почит,

Македонски Телеком


20.02.2018 прочитано: 1008