Повик за пријавување за DIGITAL TALENTS - Maкедонски Телеком АД Скопје


Македонски Телеком ги повика студентите од Економскиот факултет да се приклучат и заедно да ја водат дигитална трансформација на општеството.

 

Настанот којшто предизвика исклучително голем интерес кај студентите, го искористивме да ја презентираме идејата за дигитална трансформациија и бенефитите кои што со себе таа ги носи.

 

Ги повикаме  студентите да се придружат на нашиот тим за дигитализација, нудејќи им практично работно искуство со што ја зголемуваат  можноста за нивно идно вработување.

 

Затоа сите заинтересирани студенти треба да достават  мотивационо писмо (кое е задолжително)  и  биографија-CV (не е задолжително, по избор на кандидатот)  на следнава мејл адреса sonja.kargova@telekom.mk со назнака Digital Talents најдоцна до вторник, 27.02.2018 година (заклучно со вторник).

 

Ние ќе ги избереме студентите кои се најсоодветни за нашиот проект, преку кој ќе стекнете дополнителни практични искуства и ќе ги развиете своите професионални вештини. Се надеваме дека ќе ве заинтересираме и ве очекуваме.

Повеќе инфо ОВДЕ


26.02.2018 прочитано: 865