Академски стипендии за граѓанско општество 2018-2019, Програма за стипендирање на Фондациите Отворено Oпштество


Почитувани,

Со задоволство Ве известуваме дека е отворен конкурсот за Академски стипендии за граѓанско општество 2018-2019, Програма за стипендирање на Фондациите Отворено Општество.

Академските стипендии за граѓанското општество (Civil Society Scholar Awards -CSSA) ја поддржуваат меѓународната академска мобилност, со цел на студентите  на докторски студии и факултетскиот кадар да им овозможат пристап до ресурсите кои го поткрепуваат социјално ангажираното и критичко истражување во нивните родни земји или региони. 

 

Стипендиите се отворени за:

1. Студенти на докторски студии од соодветните научни полиња на акредитирани универзитети во или надвор од својата родна земја;
2. Членови на факултетски кадар кои работат со полно работно време (мора да поседуваат најмалку диплома од магистерски студии) и кои предаваат на универзитети во својата родна земја.
•       Времетраење на проектот: 2 – 12 месеци;
•       Датуми за реализација: 1 септември 2018 – 31 август 2019; Проектите во САД можат да бидат финансирани само ако започнат по 1 Февруари 2019
•       Максимален износ на стипендијата: 15 000 долари.  

 

Соодветни академски области:

Прифатлива е која било област во рамките на општествените и хуманистичките науки, но особено оние поврзани со: право, правда и владеење; одржлив развој и менаџмент на природни ресурси; економски права и јакнење на сиромашните; јавно здравство, социјална работа и општествен развој; закони и политики на новите медиуми; инклузивно образование; пост–конфликтни студии; човекови права.

 

За повеќе критериуми и услови за пријавување, ве молиме да ги консултирате деталните документи: Насоки и најчесто поставувани прашања, достапни овде:

https://www.opensocietyfoundations.org/grants/civil-society-scholar-awards

 

Рокот за аплицирање: 31 март 2018

 

Сите потребни информации како конкурсот, насоки и апликација во прилог. Воедно би сакале да ве замолиме да го споделите по групи и до сите потенцијални заинтересирани.

Искрено,
Тимот на МОФ


19.03.2018 прочитано: 1310