Промоција на можностите за студирање на Колеџот на Европа, Натолин, Полска ( 5.12.2018, среда, 10.00 часот, Амф.2)


Почитувани,

 

Во име на Деканот проф.д-р Љубомир Дракулевски и во име на раководителот на ЕУи при Економскиот факултет – Скопје вонр.проф. д-р Даниела Мамучевска Ве покануваме на 5.12.2018 година (среда), во 10.00 часот, Амфитеатар 2, да ја проследите промоцијата на Колеџот на Европа-Натолин, Полска т.е. запознавање на јавноста со образовната дејност на Колеџот на Европа – Натолин, тековниот повик на Колеџот на Европа – Натолин за академски универзитетски студии од втор циклус за академската 2019/2020 (повеќе информации на https://www.coleurope.eu/admissions-apply-online/academic-requirements) како и со можностите за стипендирање.

 

Домаќин и организатор на оваа посета на делегација од Колеџот на Европа Натолин во Р. Македонија е СЕП (Секретаријатот за европски прашања).

 

Гостите од Полска се:

 

Mr. Marek Tabor

 Director of Development Service

 College of Europe I Natolin Campus

Development Service

 

Mr. Barzin Bonyadi

Communications and Recruitment Officer.

College of Europe I Natolin Campus

Development Service

 

Во име на Деканот проф. д-р Љубомир Дракулевски и Раководителот на ЕУи вонр.проф.д-р Даниела Мамучевска,

 

Однапред благодарност за Вашето ценето присуство.

 

Со почит,

Економски факултет- Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

 


03.12.2018 прочитано: 118