КОНКУРС за СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ од фондацијата „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ при УКИМ


 

Врз основа на член 11, став 1, точка 7 од Статутот на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, член 3, ставовите 2 и 3 од Правилникот за начинот и критриумите за распределба на средствата од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за студентски стипендии бр. 12-276/2 од 15.2.2019 година и Одлуката за распишување конкурс бр. 12-276/3 од 15.02.2019 година, Одборот на Фондацијата распишува

 

 

КОНКУРС

за доделување стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“

при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

 

1. Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува стипендии на редовни студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по 5 стипендии на секој Факултет во состав на Универзитетот.

 

2. Право да конкурираат имаат студентите кои го имаат завршено најмалку вториот семестар и кои ги положиле сите предвидени предмети со студиската програма од запишувањето на студиите, заклучно со септемврискиот испитен рок во 2018 година, во редовните рокови, без презапишување на семестар.

            Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно.

           

3. Право на стипендија немаат кандидатите кои што не напредувале редовно во повисок семестар.

 

4. Стипендијата се доделува за академската 2018/2019 година, и ќе се исплати ретроградно за 10 месеци, почнувајќи од октомври 2018 до јули 2019 година. Стипендијата ќе биде регулурана со Договор кој го склучуваат студентот и Одборот на Фондацијата.

 

5. Потребни документи:

  • Пријава (образец бр. 1);
  • биографија (CV);
  • уверение за редовно запишани семестри, од почетокот (првиот семестар) на студиите;
  • потврда од факултетот дека се положени сите предвидени предмети, заклучно со септемврискиот испитен рок, без презапишување на семестар;
  • уверение со бројот на предвидените и положените испити од претходните семестри;
  • потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата за оваа година, односно за пензионираните членови на семејството, да се достави документ за висината на пензијата - чек; за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или од друга институција;
  • уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година за двајцата родители – старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
  • изјава од кандидатот дека не е корисник на друга стипендија (образец бр. 2);
  • изјава од кандидатот за вистинитоста на доставените документи и податоци (образец бр. 3);
  • изјава за согласност за обработка и  користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (образец бр. 4).
  • изјава за број на членови во потесно семејство на кандидатот (образец бр.5).

      Обрасците може да се преземат од линковите.

      Потребните документи кон пријавата на Конкурсот се доставуваат во копија.

                      

6. Пријавите, со потребната документација, се поднесуваат заклучно со 13.05.2019 година , до 12.00 часот, до Архивата на Факултетот, во затворен коверт со назнака:

            Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет-Скопје

            (за Конкурсот за доделување стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“)

            Бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје

 

 

Претселекцијата и рангирањето на кандидатите најпрвин ја прави Економскиот факултет-Скопје, по што овој избор на 5 стипендисти го потврдува Одборот на Фондацијата.

 

Критериуми за рангирањето

 

1. Кандидатите кои ќе конкурираат за студентска стипендија треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • да се редовни студенти запишани на додипломски студии (се докажува со потврда за редовен студент)
  • да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.00 (се докажува со потврда за положени испити)
  • материјално помалку обезбедени (се докажува со потврда од Упрваата за јавни приходи)
  • студентот да не е корисник на друга стипендија (се докажува со изјава од студентот дека не е корисник на друга стипендија).

 

2. Од вкупниот број бодови (100 бода) :

  • За материјалната состојба на студентите се добиваат максимум 60 бода
  • За постигнатиот успех во студирањето се добиваат најмногу 40 бода.

 

Факултетот врши:

  • Прием и проверка на документацијата
  • Изготвува конечен список на студентите (ранг листа)
  • Донесува одлука за избор на 5 студенти и истата ја доставува до Одборот на Фондацијата заради потврдување на изборот.

 

 


23.04.2019 прочитано: 528