СООПШТЕНИЕ ОД ДЕКАНАТОТ (Апсолвентска вечер 2019)


Почитувани колеги апсолвенти,

Би сакале да го соопштиме ставот на нашиот Деканат во врска новите сознанија поврзани со организацијата на апсолвентската вечер 2019, која како и секоја година така и оваа, е под целосна координација на СПЕФ (Студентскиот парламент при Економскиот факултет-Скопје).

Имено, во текот на вчерашниот ден, 09.05.2019 година, на Деканатот му беше укажано дека претставниците на СПЕФ пред да се консултираат со Деканатот за изборот на местото за одржување на апсолвентска вечер, веќе направиле избор и договориле соработка со ресторанот New Star, следствено на што овој ресторан веќе направил трошоци за организација на овој настан.

Од тие причини, Деканатот се повлекува од давање свое мислење за тоа каде треба да се одржи апсолвентската вечер, и остава студентите да направат слободен избор за тоа каде сакаат да ја прослават апсолвентската вечер.               

Би сакале да ве информираме дека Факултетот не учествуваше во целиот овој процес и воопшто не беше вклучен во разговорите со двата ресторани кои се опција за локација за прослава, и со тоа, како Факултет немаме никакви обврски ниту кон Александар Палас ниту кон New Star.

Обврските се на страната на СПЕФ кои како и секоја година се директно вклучени во организацијата на апсолвентската вечер.

Ве охрабруваме да ја покажете својата слободна волја и самите да донесете одлука за локацијата при што сакаме да нагласиме дека, ако како што СПЕФ истакна дека најголем дел од студентите го избрале New Star како место за одржување на апсолвентска вечер 2019, тогаш Факултетот е согласен со Вашиот избор.

Со почит,

Деканатот на Економскиот факултет-Скопје,УКИМ

                                             

Скопје, 10.05.2019


10.05.2019 прочитано: 864