ПОКАНА за дебатата со наслов „На патот кон Евопската унија – очекувања, предизвици и проблеми“ (21.05.2019, Амф. 2 , 12.00 часот)


Почитувани,

 

Во име на в.д. Деканот проф.д-р Сашо Јосимовски и во име на в.д. Раководителот на ЕУи - Центарот за податоци и информации на Европска унија вонр.проф. д-р Даниела Мамучевска Ве покануваме на дебатата со наслов „На патот кон Евопската унија – очекувања, предизвици и проблеми“ која ќе се одржи на 21.05.2019 година (вторник) во Амф. 2 , во просториите на Економскиот факултет-Скопје со почеток во 12.00 часот.

 

На дебатата која ЕУи ја органзира во соработка со Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, како една од активностите организирана по повод одбележувањето на 9 мај- Денот на Европа, свое учество ќе земе Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија Неговата Екселенција г-динот Самуел Жбогар.

 

Во очекување со своето ценето присуствo да го збогатите овој настан.

 

Во име на в.д.Деканот проф. д-р Јосимовски и в.д. Раководителот на ЕУи вонр.проф.д-р Мамучевска,

 

Однапред благодарни.

Економски факултет-Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје


17.05.2019 прочитано: 1929