Дебата со амбасадорите на земјите членки на НАТО на тема: „Економските придобивки од членството во НАТО“ (03.06.2019, 15.30 часот, Амф.2)


 

Почитувани студенти и професори, 

 

На 3 јуни 2019 година Северноатлантскиот Совет и генералниот секретар на НАТО г. Јенс Столтенберг ќе бидат во посета на нашата земја.

 

Во склоп на на посетата, во 15:30 часот, во Амфитеатар 2 на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи дебата со амбасадорите на земјите членки на НАТО на тема: „Економските придобивки од членството во НАТО“.

 

Ве покануваме да учествувате во оваа дебата. 

 

Заради посебните безбедносни протоколи Ве молиме ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВЕТЕ го Вашето присуство на следнава електронска адреса: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk најдоцна до 30.05.2019,четврток, до 10.00 часот.

 

Студентите се пријавуваат со оставање на ИМЕ И ПРЕЗИМЕ, БРОЈ НА ИНДЕКС, ДЕПАРТМАН.

 

*На непријавени лица нема да им биде дозволен влез на настанот.

 

За влез на настанот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е  е да имате индекс или студентска легитимација (ако сте студент) и лична карта

 

Во очекување на Вашите пријави и Вашето ценето присуство.

 

Со почит,

Економски факултет-Скопје

 


28.05.2019 прочитано: 1681