Нова јапонска програма за професионална обука 'Quality Management and Competitiveness"


   

 

 

Во годината во која Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) го прославува сопствениот 70 јубилеј на плодна научна, образовна, истражувачка и меѓународна активност и препознатливост, Економскиот Факултет – Скопје, УКИМ, има особена чест и задоволство да ја промовира новата Јапонска менаџмент програма за Професионална обука “Quality management and Competitiveness”, која е развиена во целосна соработка на следниве партнери:

 

  1. Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA),
  2. Универзитетот од Нагасаки, Јапонија,
  3. Универзитет за национално и светско стопанство (UNWE), Софија, Бугарија, и
  4. Економски Факултет – Скопје, УКИМ

 

Основните елементи на реализација на оваа Професионална програма се исцрпуваат низ следниве сегменти:

  • Целна група:

Менаџери и сопственици на МСП, аналитичари, истражувачи

  • Времетраење на реализација на програмата: 

Септември – Декември, 2019 год.

  • Структура на Професионалната обука:            

11 апликативни менаџмент дисциплини, развиени сообразно јапонските менаџмент практики и вредности

  • Реализатори на програмата: Професори од Универзитетот од Нагасаки, Универзитет за национално и светско стопанство (UNWE), Софија, Бугарија и од Економски Факултет – Скопје, УКИМ
  • Место на реализација:     

Економски Факултет – Скопје, УКИМ

СИМНИ ИНФОРМАТИВНА БРОШУРА ОВДЕ           

Неопходните документи за Ваше вклучување во оваа единствена Професионална програма за обука можете да ги симнете од следниов апликациски формулар


11.07.2019 прочитано: 3383