ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ, ОТВОРЕН ДЕН НА ЕКОНОМСКИ! (22.08.2019, четврток, 18-22.00 часот, плоштад Македонија)


Драги матуранти, наши идни студенти,

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 22 Август ве кани на манифестацијата „Отворен ден“.

На Манифестацијата ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, ќе се презентираат активностите од студентите, центрите за кариера, алумни асоцијацијата на УКИМ.

Настанот ќе биде збогатен со богата уметничка програма:


18,00 часот – програма на студентите на Факултетот за музичка уметност, проследена со видео презентација на единиците на УКИМ и со филмот подготвен по повод 70-годишнината на Универзитетот;


19,00 часот - дефиле на учесниците на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал и Етно фестивал на солидарноста;


20,00 часот – настап на фолклорните групи.

Во текот на целиот настан ќе биде овозможено on-line регистрирање на кандидатите заинтересирани за запишување во I-know системот со набавка на потребните пријавни листови.

Линк до ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ

Линк до ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

 

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

Со почит,

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ


19.08.2019 прочитано: 385