ОКТА АД СКОПЈЕ: Oглас за доделување 2 стипендии на студенти од втор циклус студии


                                                                                                                          

Врз основа на склучениот Меморандум за соработка потпишан помеѓу Универзитетот Св. Кирил и Методиј и ОКТА АД - Скопје, на 23.08.2019 година, Економски факултет во Скопје распишува

 

ОГЛАС

за доделување две стипендии на студенти од втор циклус студии

 

ОКТА АД-Скопје, (во натамошниот текст: ОКТА) во учебната 2019/2020 година доделува две стипендии на студентите запишани на втор циклус студии на Економски факултет во Скопје, на следните студиски програми:

  • МБА менаџмент
  • Е-бизнис менаџмент
  • Сметководство и ревизија
  • Корпоративен финансиски менаџмент

 

 

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

  1. Да има завршено прв циклус студии на Економски факултет во Скопје во траење од 8 семестри, со постигнат просечен успех од најмалку 8,00;
  2. Да поседува сертификат, како доказ за активно познавање англиски јазик;
  3. Да не е корисник на стипендија од други даватели;
  4. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  5. Предност ќе имаат кандидати кои не се во редовен работен однос.

 

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
  1. Пријава (формулар достапен ОВДЕ);
  2. Копија од диплома/уверение за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех;
  3. Уверение - потврда за активно познавање англиски јазик;
  4. CV на македонски јазик.

 

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина во учебната 2019/2020 година во висина од 2.000 евра.

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус е 30.09.2019 година. Документите може да се достават во архивата на Факултетот или по пошта на адреса:

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје 

Економски факултет - Скопје,

ул. „Гоце Делчев“ бр.9В

1000 Скопје

*со назнака (ПРИЈАВА ЗА СТИПЕНДИИ НА ОКТА АД СКОПЈЕ)

 

Кандидатот ќе биде избран од страна на Комисија составена од претставници на ОКТА и претставници од Факултетот, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.


03.09.2019 прочитано: 964