Конкурс за ангажирање на демонстратори


            Согласно одлуката на Наставно – научниот совет донесена на седницата одржана на 6.9.2019 година и член 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно – научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демнстратори на Универзитет ,,Св. Кирил и Методијˮ во Скопје (Универзитетски гласник бр.411 од 5.11.2018 година), деканот, го распишува следниот интерен:

К О Н К У Р С

 

            За ангажирање на 15 демонстратори како помошници во наставно – образовниот процес на првиот циклус на студии во учебната 2019/2020 година на секоја од следните категории посебно, и тоа:

  • Надворешна трговија – 2 демонстратори
  • Менаџмент – 2 демонстратори
  • Финансиски менаџмент – 2 демонстратори
  • Маркетинг – 1 демонстратори
  • Е- бизнис - 2 демонстратори
  • Сметководство и ревизија - 2 демонстратори
  • Математика и статистика – 2 демонстратори
  • Економија - 2 деммонстратори

            За демонстратор може да биде избрано лице кое е студент на втор или трет циклус студии од соодветната студиска програма, и кое првиот циклус на студии го завршил со просечна оценка од најмалку 8,00 (осум). Кандидатот за демонстратор треба да има истакнато етичко поведение и однесување.

                        Лицата кои ќе бидат избрани за демонстратори, ќе бидат ангажирани за изведување на вежби, како и за извршување на дел од административно-техничките работи во рамки на наставно – образовниот процес на факултетот и катедрата.

            Конкурсот ќе трае 5 дена, а заинтересираните студенти ќе можат да се пријават по овој оглас, во периодот од 19 до 23.9.2019 година. Архивата на факултетот е со работно време до 15 и 30 часот.

            Заинтересираните студенти потребно е до архивата на Факултетот во затворен коверт да достават: пријава за учество (во која се наведува катедрата за која што конкурира), уверение за завршен прв циклус на студии, како и индекс/или потврда дека ќе има статус на студент на втор односно трет циклус на студии од соодветната студиска програма и со започнувањето на учебната 2019/2020 година).

            По извршениот избор, поднесените документи на кандидатите кои нема да бидат избрани ќе им се вратат назад.

            Резултатите по извршениот избор ќе бидат истакнати на огласна табла.

            Надоместокот којшто ќе им биде исплатуван на демонстраторите ќе зависи од обемот на нивниот ангажман, а определен согласно одлуките на Факултетот.

            Правата и обврските ќе се регулираат со склучување на посебен договор.

                                               

                                                                                                              Д е к а н

                                                                                              Проф. д-р Предраг Трпески

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


17.09.2019 прочитано: 1014