Студиски програми

Аграрна политика


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 360 Маркетинг 4+0 8,00
Предавачи
Сашо Ќосев

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Изучувањето на предметот Аграрна политика има за цел да им помогне на студентите во осознавање на основните прашања на аграрната политика како дел на економската политика на секоја национална економија. Знаењето на аграрната политика е од особена важност за целокупниот економски и општествен развој пред се поради важноста на земјоделството во производството на храна и како суровинска основа за повеќе видови производни дејности. Во функција на адекватно разбирање и совладување на основните карактеристики на развојот на земјоделството преку соодветно утврдена развојна и аграрна политика.

 

Клучни зборови: Аграрна политика, аграрен интервенционизам

 

СОДРЖИНА

  1. Теоретско-методолошки пристап кон земјоделството
  2. Специфичности на земјоделството и основни економски концепти
  3. Аграрна политика
  4. Либерализација на трговијата со земјоделски производи
  5. Аграрната политика на ЕУ и САД
  6. Рурален развој
  7. Аграрната политика на Република Македонија

 

ЛИТЕРАТУРА

  1. Ќосев, Сашо: Аграрна политика, интерна скрипта, Економски факултет, Скопје, 2011
  2. Х. Еван Драмонд и Џон В. Гудвин: Земјоделска економија – второ издание, гл. 1, 2 и 10
  3. Дорева Елена: Економика на аграрот, Економски факултет, Скопје, 2000
  4. Andreosso-O’Callaghan, Bernadette: The Economics of European Agriculture, Palgrave Macmillan, Лондон, 2003
  5. Cramer, Gail L., Jensen, Clarence W. and Douglas D., Jr. Southgate: Agricultural Economics and Agribusiness, Paperback, 2001
  6. Greer, Alan: Agricultural Policy in Europe, Manchester University Press, UK, 2005
  7. Ingco, Merlinda D. and John D. Nash: Agriculture and the WTO - Creating a Trading System for Development, The World Bank, Washington, 2004
  8. Norton, W. George, Alwang Jeffrey and William A. Masters (2006): The Economics of Agricultural Development, Paperback, Routledge, 1st edition, 2006

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

         Цел на предметната програма Аграрна политика е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на аграрната политика и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на аграрната политика, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

        Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на аграрната политика
  • да ги применуваат стекнатите знаења за мерките на аграрната политика и нивната примена
  • да ја разберат развојната политика на аграрот во функција на економскиот развој
  • да го разберат местото и улогата на земјоделството во националната економија што зависи во најголем дел од правилно утврдената развојна и аграрна политика