Студиски програми

Државна регулација


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 410 Маркетинг 6+0 8,00
Предавачи
Трајко Славески

Опис

Изучувањето на материјата по овој предмет треба да им овозможи на студентите да навлезат во областа на индустриската организација, политиката за унапредување на конкуренцијата и регулацијата. Индустриската организација ги изучува различните економски фактори што влијаат врз структурата на пазарот (бројот и големината на претпријатијата) и однесувањето на претпријатијата (конкурентски стратегии). Оттаму, прашањата сврзани со влезот во одредена дејност, политиката на утврдување на цените и стратегијата со производите, технологијата и пазарната побарувачка влијаат врз бројот и големината на претпријатијата во даден момент на рамнотежа на пазарот. Стратешките интеракции на претрпијатијата резултираат во нивоа на производство во услови на пазарна рамнотежа, квалитет на производите и рекламирање. Во дејностите во кои што постојат услови за конкуренција, но од различни причини таа е попречена или пригушена (злоупотреба на монополска положба, вертикални ограничувања на пазарот, тајно договарање и друго) државата спроведува мерки за зголемување на степенот на конкуренција. Регулацијата се спроведува во дејности во кои се цени дека не постојат услови за конкуренција или пак конкуренцијата, од општествена гледна точка непрактична (на пр., природен монопол). Покрај економскиот пристап, во изучувањето на регулацијата се користи и пристапот од аспект на политичката економија, при што фокусот на вниманието се концентрира врз некои феномени од функционирањето на институциите и државните агенции.

Содржина

  • Четврт дел:Државата и нејзините економски функции
  • Трет дел: Економската теорија и регулацијата на природните монополи
  • Втор дел: Одржување и унапредување на конкуренцијата (антитрустовската политика )
  • Прв дел: Пазарните структури и морфологијата на пазарот
  • Вовед
  • Петти дел: Бизнисот и владата ( конкуренција и регулација ) во некои одбрани земји

Литература

  • W.K. Viscusi, J.M. Vernon, and J.E.Harrington: Economics of Regulation and Antritrust, 3rd ed., MIT Press, Cambridge, 2001
  • Carlton, D. and Perloff, J: Modern Industrial Organization, Adison-Wesley, Бостон, 2000
  • Waldman, D.E. and E.J. Jensen : Industrial Organization: Theory and Practice 2nd ed.,
  • Addison Wesley, Бостон, 2001
  • Трајко Славески : Приватизација, пазар, држава, Екопрес, Скопје, 1997

Цели

  • од областа на функционирањето на пазарот и пазарните структури стекнати со изучување на микроекономијата;
  • без оглед дали во иднина студентите ќе бидат ангажирани во приватниот или јавниот сектор, знаењата стекнати со изучување на овој предмет се драгоцени. Приватните претпријатија се соочени со мерките на државата за регулирање на некои состојби на пазарот. Исто така, често претпријатија ќе бидат во состојба да побараат помош од државата во спредчувањето на одреден вид недозволено однесување на нивните конкуренти кои ја нарушуваат конкуренцијата. Оние колеги кои ќе се одлучат за кариера во јавниот сектор (јавни претрпијатија, агенции и управи за регулација или унапредување на конкуренцијата, други државни или владини органи и слично) ќе бидат оспособени да дадат свој придонес, како економски аналитичари во подобрувањето на функционирањето на пазарниот механизам
  • за логиката за интервенција на државата во областа на унапредување на конкуренцијата како основа за ефикасно функционирање на пазарот. Преку компаративен пристап, при што особено акцентот е ставен на политиката на Европската унија во овој домен, се стекнува претстава за правилата на однесување на претпријатијата во меѓународниот бизнис;