Студиски програми

Информациони технологии


Шифра Студиска програма Часови Кредити
EBU 230 Маркетинг 4+2 8,00
Предавачи
Сашо Јосимовски

Предметот ги запознава студентите со најзначајните информациски технологии со кои тие ќе се сретнуваат и кои ќе ги користат во извршувањето на редовните работни обврски. Меѓу другите, ќе бидат обработени содржините како што се компјутерски мрежи, Интернет, бази на податоци, дигитална економија, електронска размена на податоци и работа со микрокомпјутери (MS Office), кои што денес суштински го менуваат начинот на кој организациите ги извршуваат деловните активности. Комплетните предавања и вежби ќе се изведуваат во компјутерска лабораторија, при што посебен акцент ќе се даде на практичната работа со компјутерите.

Клучни зборови: информациско општество, бази на податоци, е-бизнис, е-бизнис апликации, комуникациски канали

 

СОДРЖИНА

  1. Развој на информациско општество
  2. Развој на компјутери
  3. Хардвер и софтвер
  4. Бази на податоци  
  5. Интернет и е-бизнис
  6. Комуникациски канали
  7. Е-бизнис апликации

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Сашо Јосимовски, Информациони технологии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2011.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат:

  • запознаени со фундаменталните концепти на информатиката;
  • запознаени со најзначајните информациски технологии кои денес се користат во деловното работење;
  • способни за користење на микрокомпјутерите како средство за зголемување на продуктивноста и ефикасноста во работењето;
  • способни за користење на оперативен систем Windows и софтверските пакети на MS Office -  Word, Excel и Интернет пребарувачот Internet Explorer.