Студиски програми

Корпоративно управување


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 250 Маркетинг 4+0 8,00
Предавачи
Љубомир Дракулевски

Изборен предмет

 

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ:

Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на теориските основи на корпоративното управување, улогата на членовите на одборот на директори, идентификување на условите и потребата од редизајнирање на улогата на одборот на директори, функционирањето и организацијата на одборот на директорите во претпријатијата во современиот свет, оценување на ефективноста на одборот и на секој член на одборот на директори, односите помеѓу одборот на директори и главниот извршен директор, комбинирање или раздвојување на улогата на претседателот на одборот на директорите. Во тие рамки да се укаже на основните разлики помеѓу функционирањето на одборот на директорите во Република Македонија и светот. Меѓу нив, посебно внимание заслужуваат: одговорноста на одборот, номинирање на членови во одборот, награда на членовите во одборот, одборот на директори и планирањето, одборот на директори и стратегискиот менаџмент, избор, сукцесија и награда на главниот извршен директор.

Клучни зборови: корпоративно управување, одбор на директори, главен извршен директор, оценување, ефективност

 

СОДРЖИНА:

Глава I. Карактерот на корпоративното управување

Глава II. Редизајнирање на одборот на директори

Глава III. Вредностите на одборот на директори

Глава IV. Организација на одборот на директори

Глава V. Оценување на ефективноста на одборот на директори

Глава VI. Главниот извршен директор и директорите во одборот

Глава VII. Улогата на претседателот на одборот на директори

Глава VIII. Рангирање на корпоративното управување

Глава IX. Оценување на корпоративното управување

Глава X. Корпоративното управување и менаџментот

 

Мерење на резултатот на студентот

Проверката, на знаењето на студентот по наставниот предмет, според член 114 од Законот за високото образование се врши континуирано во текот на наставно-образовниот процес. Студентот ќе добие испитни прашања и од делот ,,студирање преку примери” кои се наоѓаат на крајот од секоја глава. Студентот, одговорот на поставените прашања од делот ,,студирање преку примери” ќе го даде со користење на учебникот за време на одржување на испитот.

            Присуство на настава                                                                  до    10%

            Партиципација во наставата                                                       до    10 %

            Изработка на семинарска работа и учество во проект                 до    20 %

            Прв испит                                                                                   до    30 %

            Втор испит                                                                                  до    30 %

            Вкупно                                                                                              100 %

 

ЛИТЕРАТУРА:

  1. Бобек Шуклев: Корпоративно управување, Економски факултет - Скопје, 2011
  2. Бобек Шуклев, Љубомир Дракулевски, Горан Коевски, Владимир Филиповски и Сашо Арсов: Корпоративно  управување, Економски факултет - Скопје и IFC, 2008

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА:

Цел на предметната програма Корпоративно управување е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на управувањето со претпријатија и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на корпоративното управување, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • да ја разберат суштината, значењето и содржината на корпоративното управување;
  • да развијат способност за проценка  на вредноста што ја креира одборот на директори за акционерите;
  • да го применат знаењето во организирањето на одборот на директори;
  • да ги применуваат стекнатите знаења за улогата на главниот извршен директор и одборот на директори во корпоративното управување;
  • да ги применуваат стекнатите знаења за улогата на претседателот на одборот на директори во корпоративното управување;
  • да го применат знаењето при рангирањето на корпоративното управување  и   оценување на важноста на корпоративната репутација за имиџот на претпријатието;
  • да развијат способност за утврдување на  разликите помеѓу корпоративното управување и менаџментот на претпријатието.