Студиски програми

Маркетинг на трговски претпријатија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 240 Маркетинг 4+2 8,00
Предавачи
Анита Циунова-Шулеска

Опис на предметот

Современите текови во развиените економии доведоа до интензивни промени во функционирањето на трговијата. Класичното трговско и комерцијално работење, се трансформира во модерна маркетинг активност како на домашниот така и на надворешните пазари. Ваквата промена ја наметна потребата да се воведе модерна-научна дисциплина, маркетинг во трговијата. Тежиштето е ставено во изучувањето на современите маркетинг активности, специфични за трговските претпријатија, кои не се мали споредени со маркетинг активностите на производните претпријатија.

Цели на наставата (очекувани резултати од наставата и знаења со кои ќе се стекнат идните дипломирани студенти)

 

По завршувањето на наставата:

  1. Студентот треба да ги знае специфичностите на маркетинг активностите во трговските претпријатија преку анализа на изложената материја и примери од праксата,
  2. Студентот треба да ги познава политиката на набавка, залихи, цени, локација, канали на дистрибуција и промоција од аспект на нивната специфичност во трговијата
  3. Студентот треба да биде способен да ги спроведува процесите на планирање, организирање и контрола на маркетинг-активностите во трговијата.

 

Содржина на предметот:

1. Трговијата во системот на маркетингот и пазарот

2. Настанок и развој на маркетингот во трговијата

3. Содржина на маркетингот во трговијата

4. Специфичности на маркетингот во трговијата

5. Маркетингот во интегративните процеси

6. Политика на стоковиот асортиман

7. Политика на продажни услуги

8. Политика на набавки во трговијата

9.Специфични аспекти при планирањето на набавките во трговските претпријатија

10. Политика на цени

11. Политика на локација

12. Политика на каналите на прометот и пласманот во трговијата

13. Истражувањето во функција на управувањето во маректингот во трговијата

14. Маркетинг информациониот систем во трговските претпријатија

15. Планирање на маркетингот во трговијата на мало

16. Организирање на маркетингот во трговијата

17. Контрола на маркетинг активностите

18. Финансиски показатели во мерчандајзингот

 

Предуслов: Положен предметот Основи на маркетинг
 

 Препорачана литература:

  1. Newman A.J, Cullen P., 2005, Retailing: Environment and Operations, Thomson, London
  2. Berman Barry, Evans J.R., 2004, Retail Management, A strategic approach, Prentice Hall, New Jersey
  3. Ловрета, С., Калиниќ, В.,2003, Маркетинг у трговини, Економски Факултет, Београд
  4. Levy M., Barton W., 1992, Retailing Management, IRWIN, Homewood
  5.  Mason J.B., Mayer M.L., 1990, Modern Retailing, Irwin, Boston