Студиски програми

Сметководство на банки и други финансиски институции


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 450 Маркетинг 4+2 8,00
Предавачи
Атанаско Атанасовски

Опис

Со изучувањето на овој предмет студентите ќе навлезат во едно специјално сметководствено подрачје, а тоа е подрачјето на финансиско известување на банките и останатите финансиски институции. Преку надоврзување на веќе стекнатите знаења за основните сметководствени начела, принципи и техники, со примена на современите концепти за сметководствен третман на трансакциите со финансиските инструменти, студентите ќе бидат во можност да ги подготвуваат и анализираат финансиските извештаи на банките, осигурителните компании и пензиските фондови

Содржина

  • Специфичности на сметководството на финансиските институции
  • Сметководствена регулатива во банкарскиот сектор
  • Сметководство на финансиските инструменти
  • Подготовка на финансиски извештаи за банки
  • Сметководствена регулатива во осигурителните компании
  • Изготвување на финансиски извештаи за општа намена во осигурителните компании
  • Сметководствени проблеми специфични за фондовите

Литература

  • Grupa autora: Računovodstvo banaka, III izmjenjeno i dopunjeno izdanje, TEB, Zagreb 2000
  • Stephen G. Ryan: Financial Instruments and Institutions: Accounting and Disclosure Rules, 2nd edition, John Wiley & Sons, Ltd., 2007.

Цели

По завршувањето на наставата, студентите треба да се способни да:
  • Применуваат специфичната сметководствена регулатива за финансиските институции во домашната и меѓународната практика
  • Способни да ги идентификуваат, правилно евидентираат и обелоденуваат трансакциите и ризиците поврзани со финансиските инструменти
  • Подготвуваат интерни сметководствени извештаи и предлог одлуки за 
  • деловно одлучување во финансискиот сектор
  • Подготвуваат и анализираат финансиските извештаи за општа намена на банките, осигурителните компании и фондовите